АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Синоќа околу 23.30 часот на падините на Кајмакчалан загинале двајца млади македонски планинари, на возраст од 26-35 години, јавуваат грчките медиуми.
Од нашето МВР велат дека се уште ја проверуваат информацијата.
Димче Јошевски од Дирекцијата за спасување во Битола со екипа од Спасувачи на планина веќе се подготвуваат со санка да тргнат на местото каде според телефоните ги лоцирале планинарите.
-Сега одиме во тек е акција, со хеликоптер не може да се замине па ќе одиме со санка. Станува збор за локација од Лутраки кон Кајмакчалан, кај една од караулите. Но ги има шест караули и точно не знаеме каде се, изјави за апла.мк Димче Јошевски.
Според него се работи за група од педесеттина планинари од Скопје кои вчера заминале за Грција.