АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Се изинувам што вака говорам, но, многу е загаден воздухот, страшно е загаден и умираме“, рече Владиката Петар на крајот од својата беседа синоќа, на свечената академија по повод празникот Св. Некатариј Битолски што се одржа во Народниот театар. Најпрво ги искритикува битолчани за изгубените вредности, забележувајќи што во салата имало само 200 присутни граѓани и рече дека прилепчани подостоинствено го празнуваат нивниот патрон Свети Никола. Дури забележа дека на чествувањето не се оние што Св Нектариј го промовирале за патрон на Битола.
Платите на вработените во основното, средното и високото образование ќе се зголемат за 5% почнувајќи од исплатата за септември 2019 година.
„Писмото и говорот се во основата на националниот идентитет, а нивните специфичности и особености се вткаени како карактеристични нишки на културната посебност. Но во исто време, секој говор и писмо во себе ја кријат и потребата да не бидат изолирани, туку да воспоставуваат комуникација за разбирање, толеранција и соживот со другите. Прогласувањето на денешниот ден за официјален празник на албанското писмо е составен дел од јазичното и културното богатство на Република Македонија“, истакна премерот на РМ, Зоран Заев, во свето обраќање пред пристутните на завршната свеченост по повод Денот на албанската азбука, што вечерва се одржа во Центарот за култура во Битола.