АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, во отворено обраќање до јавноста и меѓународната заедница, се жали дека пресудата на Кривичниот суд во Скопје за случајот „Транспортер“ е политичка, судењето циркус, судството заробено, па затоа тој не го признава овој суд. Тој писмото го пишува од домашен притвор, затоа што поради состојбата со Корона кризата не е во затворски притвор, каде треба да ја чека правосилноста на пресудата со која е казнет на 8 години затвор.
„ЈАС ОВОЈ „ТРАС-ТРАС“ СУД НЕ ГО ПРИЗНАВАМ“ напиша меѓу другото Талески и додава:
„Пресудата за „Транспортер“ која е донесена од Кривичниот суд во Скопје нема да ја коментирам, но заради ВИСТИНАТА за која судот не беше заинтересиран, морам да кажам дека пресудата е резултат на политички прогон и монтиран политички процес против мене, а не е заснована на реални факти и докази“, пишува Талески
Смета дека обвинеието е лажно , оти финансиска штета не постоела
„Процесот беше заедничка борба во заедништво на обвинителството и судот за изнаоѓање начин како лажното обвинение на СЈО судот да го легализира и тоа да стане вистина.
Се’ беше лага. Се’ беше циркус за јавноста. Всушност ние немавме суд“, пишува Талески
И вештитете лица давале погрешни податоци, оти биле дебело плаќани од СЈО
„Иако таа работа вештите лица треба да ја работат за плата, сепак тие незаконски биле дополнително платени од Катица Јанева и се офајдиле со дебели незаконски хонорари исто како и обвинителите на СЈО предводени од Катица Јанева. Списокот на имиња и висината на нивните хонорари беше јавно објавен. Всушност тие имаат и кривични пријави за нивното незаконско работење, но заради заробеното судство и обвинителство во моментов НЕМА КОЈ ДА ПОСТАПИ“, напиша Талески на ФБ