АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со пригодна програма во школските клупи на битолските училишта денес седнаа 799 првачиња што е повеќе од лани кога имаше 783.
На почетокот на новата учебна година за сите ученици во основното и средното образование, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, ги посети основните училишта „Д-р Трифун Пановски“ и „Коле Канински“, каде им посака успешна учебна година на сите ученици, особено на најмладите, првачињата, кои со возбуда го дочекаа првиот училиштен ден.
Денеска почна учебната година за 945 првооделенци во Битола, а од Општината велат дека училиштата ги отвориja вратите за првачињата. Дел од учениците биле примени на првиот училишен ден, а за други наставата почнува утре поради штрајкот на СОНК за повисоки плати на просветните работници, кој е предупредувачки и ќе тре само еден ден.
„Мојата учителка најдобра на свет е , секој од нас го милува како свое дете“ , со забава , песни и рецитали и со срдечно добредојде утрово беа пречекани првачињата во ОУ „Гоце Делчев“ во Битола. Учениците од погорните класови подготвија програма за најмладите ученици со цел да им ја пренесат пораката дека во училиште се учи и другарува, се стекнуваат знаења и вештини, нови познанства и пред нив се отвора еден нов свет за сите нив.