АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Познатиот и признат македонски дипломат, проф. д-р Ѓорѓи Филипов, поранешен Амбасадор на Македонија во Германија (2005-2010) , Австрија (2010-2015), Јапонија и Словачка, за апла.мк потврди дека најверојатно ќе поднесе кандидатура на отворениот повик на СДСМ за претседателски кандидат. Ова е првата официјална потврда, откако владеачката партија вчера одлучи на јавен оглас да го бара претседателскиот кандидат.