2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Се градеше во време на две Влади, ја следеа финасниски малверзации и меѓународни арбитражи, но и три години откако реконструкцијата е завршена, пругата кон соседна Грција и натаму е слеп колосек. Сега министерот за транспорт и врски Благој Бочварски најавува дека оваа пролет ќе биде извршен техники прием на пругата откако завршија сите административни процедури.

„СТРАБАГ АГ подружница СТРАБАГ Скопје“ и „ИСКРА ДД“ како изведувач и подизведувач на градежните работите  за изградба на железничката пруга Битола-Кременица ги известуваат жителите на Битола, Кравари и околните места дека денес 16.04.2019 година, од 10:00 до 13:00 часот ќе вршат тестирање на пругата со патнички воз, јави ТВ Тера. 

Пругата со која Битола железнички ќе се поврзе со Грција е изградена, а наскоро се очекува технички прием, потврдуваат за апла.мк од Министерството за транспорт и врски. Но, кога ќе се воспостават првите линии, се уште е неизвесно. Според најавите оваа делница требаше да биде комплетно завршена до крајот на минатата година,а причина за последното одложување  се временските неприлики во овој регион, снегот и поларните температури зимава, поради што не можеше да се постави електричната инсталација, велат  од Транспорт и врски.

Завршија градежните работи за поставување на шините на пругата од Битола за грчка граница, а до Нoва година останува да се довршат другите делови околу пругата, тоа се сигнализацијата, струјата, информатичкиот систем, железничката станица и паркингот. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев при денешниот увид на градбата рече дека пругата ќе биде пуштена во употреба до Нова година.

Изградбата на пругата Битола-Кременица е во завршна фаза, а градежните работи се очекува да завршат до крајот на годината,  информираат од Министерството за финансии. Со изградбата на оваа делница  ќе се овозможи железничко поврзување меѓу  Македонија и Грција, односно поврзување на Пелагонискиот регион со Солунското пристаниште.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани