АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ВМРО-ДПМНЕ својот 28-ми родненден ќе го слави оваа недела со почеток во 13 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола, дознава Апла.мк од партиски извори.
На роденденот се очекува да присуствува членство и симпатизери од цела Македонија. Збирното место ќе биде во близина на Спортската сала „Младост“, а потоа со дефиле низ битолското Корзо, поворката ќе стигне до плоштадот Гоце Делчев. Таму ќе се одржи партискиот собир, ќе се интонира македонската химна, се очекува да има обраќања и голема роденденска торта.
Ексградоначалникот на Битола Владимир Талески, денеска полни 59 години. После 12 години локална власт во Битола, нему му се суди за криминал со бесплатниот школски превоз, како и за негрижа за Офицерскиот дом во Битола. Пред 13 години на денешен ден Талески како кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, во изборната кампања ги честеше своите соопратијци во еден од кафичите на Широк сокак.
Утре на 14 ноември, по повод 73-от роденден, на сцената на Народниот театар од Битола, премиерно ќе биде поставена претставата „Крвави свадби“, од Федерико Гарсија Лорка.
Претставата „Сон на летната ноќ“ од Шекспир, а во режија на Џон Блондел, со која Народниот театар од Битола гостуваше на Охридско лето, овој петок и во понеделник идната недела ќе биде изведена пред битолската публика на големата сцена во битолскиот театар. Во изминатиот период најголемиот дел од претставите се играа на други сценски простори во театарот кои беа потесни, за помал број на гости и помалку удобни, па битолчани присакаа да гледаат претстава во покомотни услови.
-Во оваа претстава на сцена сме 17 актери, голема екипа и се игра претставата на големата сцена, па сакам да ги поканам сите оние кои ме среќаваат на улица и често ме прашуваат „добро, кога ќе има претастава на голема сцена, сакаме да ве гледаме на голема сцена“. Ќе има место за сите, дојдете утре вечер на удобните столчиња на битолскиот театар- рече актерката Викторија Степановска Јанкуловска.
Режијата е на Џон Блондел, шекспиролог од Санта Барбара, Калифорнија, кој во изминатите години често пати гостуваше во Битола соработувајќи со театарот на проекти повразни со делата на бесмртниот Шекспир.
-Се сеќавам дека на една од првите проби со Џон пред неколку години тој ја запре пробата и ни кажа:„за мојата екипа со која ја работам во Америка да ја доведам во вашата природна емотивна состојбa и темперамент правам еднонеделни работилници за да ги поттикнам другите американски актери да бидатона што сте вие природано. Многу сум возбуден кога ќе видам што се случува кога вие ќе заиграте на сцената тоа е една цела експозија на чувства„- рече актерката Маја Андоновска Илиејвски, интерпретирајќи поранешен настан со режисерот.
Претставата утревечер е со почеток од 20 часот.
По ова од понеделник Битолскиот народен театар започнува со подготивка на роденденската претстава која ќе се игра на 14 ноември, а ќе ја спремат со сопствени средства. Тоа е претставата „Крвави свадби“ од Лорка, во режија на Љупчо Ѓорегиевски. Овој режисер досега има добиено бројни награди за своите режисерски остварувања, а минстата година „Кралски игри“ во изведба на Битолскиот театара и негова режија беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот „Војдан Чернодрински“. За жал, во изминатите години не беше меѓу поекспонираните режисери на битолската театарска сцена.
-Во подготовки сме на прослава за 73 роденден на театарот, која ќе трае од неколку дена- рече новиот директор Иван Јерчиќ.
Според најавеното, се очекува прославата по повод 73 роденден на театарот да биде поразлична од роденденските изданија во минатите години кога актерите и другите вработени од театарот на сцена играа, пееја и промовираа други таленти. Тоа на почетокот беше многу интересно и повелече голем публика, но сличните изданија последните години доаѓаа како реприза и го спласнаа интересот кај публиката.