АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолскиот суд денеска го уважи предлогот на Основното јавно обвинителство Битола и изрече забрана за вршење на ископ на подрачјето на Задбрдо, како дел од локалитетот Влахо, општина Новаци, од страна на концесионерот „ЏМП КОП Интернатионал ДОО Битола“ до правосилно завршување на постапката која во ОЈО Битола се води за кривично дело оштетување или уништување на добра, соопштија од Министерството за култура.
Од таму велат дека одлуката на судот следи по реакцијата на Министерството за култура, соодветните институции за заштита веднаш да ги активираат законските надлежности по алармантните укажувања од стручните лица за случувањата на локалитетот Влахо.
„Уште на почетокот на минатата година, по барање на Министерството за економија, Управата за заштита на културно наследство се обрати до Завод и музеј Битола за мислење по однос на издадената концесија за ископ и експлоатација на јаглен во Влахо. Во доставеното мислење беше наведено дека е неопходно да се извршат заштитни археолошки истражувања за локацијата да биде комплетно истражена. Од добиените резултати би зависело дали концесијата би била одземена или просторот би бил слободен за експлоатација “, соопштија од Министерството.
И покрај даденото мислење на стручните лица и контактите на надлежните од Завод и музеј Битола со концесионерот „ЏМП КОП Интернатионал ДОО Битола“, на почетокот на оваа година, на локацијата била поставена механизација која почнала да работи на ископ. Стручна екипа од Завод и музеј Битола повторно излегла на терен и констатирала настанати оштетувања во периферниот дел од локалитетот, ја известила Управата за заштита на културно наследство чија инспекциска служба ги констатирала оштетувањата. При тоа на концесионерот повторно му било наложено да престане со преземените работи, додека не се извршат археолошките истражувања. По неколку дена, стручната екипа и концесионерот излегоа заедно на увид, при што од него добиле уверување дека се подготвени да ги финансираат археолошките истражувања. Но, на 24. 02. 2023, ископот продолжил. Екипа од Завод и музеј Битола констатирале комплетно уништување на предметниот опфат, кој требаше да биде предмет на археолошки истражувања.
„Ваквите активности доведоа до потполно уништување на културниот слој на дел од периферниот опфат на локалитетот и доведоа до губење на археолошкиот контекст, како и на сите значајни информации кои би произлегле од предложеното археолошко истражување. Имајќи ја предвид датираната старост од околу 6400 год. п.н.е, а со тоа и огромното значење на овој локалитет како еден од најстарите праисториски локалитети на Балканот и во Европа, направена е огромна културолошка, но и цивилизациска штета“ нагласуваат од Министерството за култура и додаваат дека министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска е во секојдневен контакт со Македонското археолошко друштво, а актуелните случувања ќе бидат тема и на скорешниот состанок на Националниот совет за културно наследство.
Денеска на новото рочиште за случајот „Транспортер“ во Основен суд Скопје 1, адвокатот на главниот обвинет, поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, побара изземање на судечкиот совет.
Со тоа, уште еднаш се повтори практиката бранителите на поранешните високи функционери од различни нивоа да бараат изземање на судиите кои ги судат случаите по обвиненијата од Специјалното јавно обвинителство.
Во „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што, според обвинението, е направена проневера на околу 360.000 евра.
Во кривичниот суд Скопје денеска треба да се одржи судското рочишта за „Транспортер“,кој го презеде судијката Добрила Кацарска.
Во предметот „Транспортер“, кој треба да почне од почеток, на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, и на уште 20-тина лица им се суди за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена злоупотреба на околу 360.000 евра. Обвинетите побараа судењата да се снимаат аудио и визуелно .