АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Фактура за извршени угостителски услуги во износ од 8750 денари, на која е запишано дека била за „Комитска забава“ деновиве стасала на адреса на ЈП „ Пазари“-Битола .
На фатурата стои дека услугите се дадени на 21 јули 2017 година во еден од рестораните во Битола, а доаѓа за наплата после речиси десет месеци.
Иако на фактурата не стојат други податоци сепак сама по себе укажува на тоа дека една партиска забава сега треба да се плати со пари на јавното претпријатие, односно пари на граѓаните.