2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Пријатели и поддржувачи на апла.мк, ни испратија фотографии од манифестацијата „Денови на нарцисот  -Лазарополе цути“,што се одржа вчера во Лазарополе. Фотографиите се рај за очите и душата , ја отсликуваат традицијата во Лазарополе каде со зурли и тапани се слави  традицијата и афирмацијата на руралното културно наследство, материјално и нематеријално. Пред 3 години е возобновена традицијата која мештаните во овој крај ја практикувале пред речиси 30 години,  како „Фестивал  на нарцисот “која се одржува во време на цветањето на нарцисот.image 0 02 05 66fd6226cecfa6b96f7e9025557d39b7ac837661d2799e7a06212244ac25e90e Vimage 0 02 05 40d74a0b9c961663a521ad650f7b5c9581c35ca7869b2ce8cfe80f7331dc5d9e Vimage 0 02 05 e4ed161f286f2323723901e57299c3c2c8b558727ffd4a80f244e012ca2ba4b5 Vimage 0 02 05 8e2cae08f5194a01bbc53f39d0b12e08d214bf58550ee934a41abe18c3404871 Vimage 0 02 05 548ce9d7eeda9501fad594f526d7b9b58be7a119fa1923de6f5ef82689238c5b Vimage 0 02 05 5096af4c6103adb0ae5bbc502ca5e3fb0bcd6f8dd6beb786d9920169f2d62021 V

„Љубојна“и специјалниот гостин Џамбо Агушев, во петок навечер, (10 ноември),  лирскиот тенор од балканските простори  Божо Вречо  како и  составот „Џипси Грув“ изведувачи на автентична балканска ромска музика кои ќе настапат во сабота вечер (11 ноември) , е понудата на овогодинешниот „Фестивал на музика од светот“ во Битола. Центарот за култура од Битола најави дека е подготвен за деветтото издание на фестивалот, еден од најпосакуваните и најпосетувани музички манифестации во градот во текот на годината.

Селекторот на фестивалот Оливер Јосифовски, рече дека годинава  фестивалот е насочен на музика од Балканот.

-Таканаречната „балканската музичка струја“ е така густа и содржајна и на сите светски фестивалот ги очекуваат сите тие имања со големо нетрпение и внимание.

Во Битола ќе настапат бравурозни имиња, како Божо Вречо , нов изведувач на севдах мизиката, со неверојатна експресија,  и составот „Џипси Грув“момци кои сакаат да докажат  дека Балканот е простор полн со крвоток и дека во политички контекст треба слободно да се испочитуваат сите стилови на овој простор - рече Јосифовски.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола, а директорот на Центарот за култура, Зоран Димовски рече дека , средствата за оваа манифестација не се доволни, па финансиските исплаќања ќе се решаваат во од.

Кога бев мала токму многу се раскажуваше низ Битола за филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ што го доживувавме како голем настан. Препознававме дека се одржува по големиот огномет на битолското небо. На телевизиите го гледавме преносот од црвениот килом. Како тинејџери одевме со другарите да погледнеме некое од подобрите филмови што се прикажуваа, а ги имаше многу. Се туркавме во бројната публиката околу црвениот килим да видеме кога ќе помине познатиот британски актер Мајкл Јорк кој во деведесетите години дојде во Битола. Бевме горди што го воодушеви Пелистер, па дури и на тоа што место месо во хотелот „Молика“ барал да му подготват поперки. Од актерите, па до пиперките се имаше некоја магија во градот.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани