2win800x200

Се прегледуваат снимки од камери околу Домот за доенчиња за да се открие кој го остави бебето

Јули 03, 2018

Напуштеното новороденче е во одлична здравствена состојба, јаде, спие и напредува потврдија од Домот за доенчиња и мали деца во Битола, за апла.мк.

Портпаролот на Клиничката болница во Битола, Сузана Конеска исто така потврди дека детето и вчера попладне по втор пат било однесено на преглед на Детското одделение во болницата, каде и првично било прегледано. Констатирано е дека бебето е во одлична здравствена состојба и напредува.

 

Од СВР-Битола  и денеска не откриваат детали од истрагата од каде е донесено бебето во Битола и кој го оставил пред Домот.

Но, токму сината штипката на папочната врвца  е првиот показател за истрагата дека бебето не се родило во Битола, бидејќи во овдешната болница се користат бели штипка за папочната врвца кај новороденчињата, велат извори од полицијата за апла.мк.

Првично се претпоставуваше дека бебето е донесено од Прилеп, сега  неофицијално дознаваме дека не е исклучено тоа да е од друг град, пооддалечен од Битола.

Исто така, неофицијално  се дознава дека се прегледуваат  снимки од камери од околните објекти лоцирани во близина на  Домот за доенчиња, со цел да се помогне во истрагата, и што побрзо да се открие кои се двајцата мажи кои со автомобил дошле во Битола до вратите на Домот и новороденчето го оставиле во рацете на случаен  минувач да го предаде на институција.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани