АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Автомобилот марка „југо“ кое утрово падна во реката Драгор, попладнево е извлечено со дигалка.
Извлекувањето траеше половина час, а за тоа време се направи сообраќаен метеж на улицата „Булевар 1 ви Мај“.
Предниот дел на југото е целосно оштетен, а по извлекувањето автомобилот беше отстранет со шлеп служба.
Како што објави апла.мк, автомоблот паднал во реката веднаш над кружниот тек кај Црн мост, а според очевидци, во него немало возач.
Полицијата изврши увид на местото, а во овој настан нема жртви ниту повредени