Webp.net gifmaker

Несовесен возач ја загрозил безбедноста на вработени во „Паркинзи“ додека обележувале пешачки премин

Јуни 25, 2020

 Несовесен возач ја загрозил безбедноста на вработени на ЈП „Паркинзи“ додека обележувале пешачки премин во центарот на градот. Од „Паркинзи“ апелираат до возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат сообраќајните правила.

 

-Ве замолуваме да бидете трпеливи и совесни кога се разминувате со нашите екипи кои се на терен при обележување на пешачките премини. Несовесните возачи како примерот на фотографиите, покрај прописно поставените сигнални конуси и исклучени линии ги проби пречките и го уништи обележаното, а воедно ја загрози безбедноста на вработените и оние кои ги почитуваат правилата од спротивната насока.

На крајот треба да бидеме свесни дека пешачките премини треба да бидат најбезбедното место од улицата и за вашите најмили, да се потрудиме да бидеме пример како треба, а не како не треба  да се однесуваме, апелираат од „Паркинзи“.

106031935 152588906391896 4803185706305704908 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани