АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола апелира до сите учесници во сообраќајот (пешаци, велосипедисти, мотоциклисти, возачи на моторни возила и земјоделска механизација) да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација на патиштата, светлосните уреди за регулирање на сообраќајот (семафори) и знаците и наредбите кои ги даваат униформираните полициски службеници.
Сите возачи на моторни возила кои ги користат регионалните и магистралните патишта, каде фрекфенцијата на сообраќај е поголема за време на летната сезона, должни се да ја прилагодат брзината спрема условите на патот и да се придржуваат на ограничувањето на брзината на патиштата.
Возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да ја користат пропишаната заштитна опрема (заштитен шлем-кацига) кога управуваат мопед и мотоцикл.
Со почетокот на летната сезона се зголемува и користењето на земјоделската механизација на локалните, регионалните и на магистралните патишта. Од тие причини се апелира до сите граѓани кои управуаваат трактори и земјоделска механизација, истите да бидат осветлени, технички исправни и регистрирани. Транспортот на земјоделска механизација -комбајни да се врши дење, односно во услови на добра видливост, а возилата кои вршат придружба да бидат соодветно обележани со ротациони светла и, по можност, да ги користат алтернативните патишта.
Воедно, СВР Битола ги известува граѓаните дека на патот резервиран за сообраќај на моторни возила А-3, на потегот Прилеп - Битола, Битола - Ресен, кракот А-3 Битола – Граничен премин Меџитлија и Ресен – Охрид не смеат да се движат пешаци, велосипедисти, работни машини, мотокултиватори, трактори, запрежни возила и добиток.
Се известуваат сите одгледувачи на добиток да не го напасуваат добитокот во појасот на патот, особено до регионалните и магистралните патишта.
Сите возачи кои имаат намера да патуваат во странство, покрај редовната документација со себе да носат: зелен картон (осигурување за возилото за државата во која патуваат), меѓународна возачка дозвола (за оние земји кои тоа го бараат) и патничко осигурување за сите патниците во возилото.
Препорака до сите возачи кои управуваат велосипеди, мопеди мотоцикли и други моторни возила да избегнуваат управување на возилата во период од денот кога температурата е повисока од 35 степени Целзиусови, поради фактот дека високите теператури негативно делуваат врз концентрацијата на возачите, а со тоа и врз нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
НАПОМЕНА:
СВР Битола ќе презема зајакнати мерки и активности од областа на сообраќајот, особено за време на летната сезона 2021 година, со зголемено присуство на полициски патроли на терен кои ќе вршат зајакнати сообраќајни контроли врз сите учесници во сообраќајот. Апелираме до учесниците во сообраќајот: