АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 21.11.2021 во СВР Битола, З.С. од Битола пријавил дека во спортската сала Боро Чурлевски во Битола, по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу младински екипи од Битола и Скопје, неговиот малолетен син (играч на битолскиот клуб) бил физички нападнат од три лица - играчи од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.11.2021 во СВР Битола, Е.Г. од Битола пријавила дека во спортската сала Боро Чурлевски во Битола, по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу младински екипи од Битола и Скопје, нејзиниот малолетен син (играч на битолскиот клуб) бил физички нападнат од едно лице - играч на скопскиот клуб. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.