АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Регистриран нарко зависник е 34 годишниот битолчанец кој вчера починал во Клиничката болница во Битола. Портпаролот на болницата Сузана Конеска, за апла.мк изјави дека лицето е примено во болницата кога виталните функции покажувале знаци на смрт, веднаш бил реанимиран, но безуспешно.
-Вчера претпладне во болницата примено е лице на 34 годишна возраст, на кој виталните знаци покажувале смрт, пацинетот веднаш бил реанимиран, но за жал безуспешно. Според законските обврски од Законот за здравствена заштита, пацинетот кој е примен во рок од 24 часа и не е воспоставена дијагноза, а во овој случај се работело од само половина час по примањето во болница, должни сме како установа да побараме обдукција, која подоцна ја побара и ОЈО, ни изјави портпаролот на Клиничката болница Битола, Сузана Конеска.
Таа, дополни дека, обдукцијата е извршена врз починатото лице, земен е потребниот материјал за испитување и по извршените анализи истиот ќе биде доставен до Основното јавно обвинителство во Битола.
Конеска потврди дека според нивните податоци лицето било регистрирано како зависник од дроги.
Според извештајот на полицијата од Клиничка болница Битола, вчера во 11 часот во СВР Битола, пријавиле дека на интерното одделение починал Б.К. (34) од Битола.
По наредба на јавен обвинител, над телото на починатиот е наредна обдукција. Увид извршила екипа од СВР Битола.