АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се сруши покривот на некогашниот Дом на млади во битолското село Бистрица, објект кој е прилепен до подрачното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ . Дел од гредите и ќерамидите пропаднале во внатрешноста, најверојатно поради тежината на снегот што врнеше минатата недела, врнежите од дожд и големата количина на влага врз целиот објект.
Сега родители на ученици реагираат и стравуваат од рушевините, поради безбедноста на нивните деца.