Ноќеска еден час по полноќ, засега непознати сторители, го запалија автомобилот на прилепскиот новинар Зоран Милошески од порталот Публикум. Возилото било паркирано во гаража, но тоа не било пречка насилниците да си ја остварат целта. Автомобилот е целосно уништен, а счучајот е пријавен во полиција.