АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈЗУ Клиничка Болница Битола се вклучува во одбележувањето на oктомври како месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојка. Заедно со „Кромберг и Шуберт“- Македонија ДООЕЛ Битола ја отпочнуваат првата кампања под мотото: „Надеж,храброст и сила-заедно спасуваме живот“. Првиот бесплатен ЕХО скрининг на дојка започнува во просториите на „Кромберг и Шуберт“- Македонија ДООЕЛ Битола, каде сите вработени од оваа компанија можат да се јаваат на преглед кај медицинската екипа од Болницата која таму е секој ден овој месец.
Денот на пролетта беше одбележан и во Клиничката болница во Битола со две големи активности.
„Фирмата Бис Промет Агро Центар Битола, наши долгогодишни помагатели и соработници донираа 100 садници на ружи како би помогнале за убава глетка на нашите пациенти во нивниот период на хоспитализација. Ова се наши драги пријатели кои во 2018 исто така од нивна страна го покрија системот за наводнување низ целиот двор на болницата. На денешната средба меѓу нашиот менаџерски тим и преставниците на Бис Промет Агро Центар Битола стана збор и за понатамошна соработка. Директорот на Клиничка болница др.Зоран Лазаров од негово име а и од името на сите вработени како и од името на нашите пациенти изрази голема благодарност за успешната соработка со оваа реномирана фирма од нашиот град“, соопшти портпаролката на Болницата, Сузана Конеска.
-Акцијата „Дај свој придонес- засади дрво“ на тимот на Синпекс ДОО не ја одмина ни Клиничка болница Битола. Во делот на болницата од страната на Онколошкото одделение беа посадени 100 различни садници помогнати од многу работници за хортикултурно уредување во ЈП Комуналец и неуморните од Интерворк од нашиот град. Голема благодарност и до нив- рече Конеска.
Експерти од Кралскиот институт од Шведска прават скрининг на објектите на Клиничката болница од Битола со цел изнаоѓање на модерни еколошки решенија за снабдување со енегија.
„По иницијатива на хуманитарната организација ‘Хенд тил хенд’ и големите хуманитарци Марија и Томас Русенгрен од Шведска во рамките на проектот ‘Со хуманитарна рака до чиста енергија’ имаме посета на експертска група од Кралскиот институт од Стокхолм, Шведска, предводена од Нелсон Сомерфелд која прави скрининг на објектите на ЈЗУ Клиничк Болница Битола со цел реализација на проектот модерни еколошки решенија за снабдување со енергија во ЈЗУ Клиничка Болница Битола“, рече портпаролката Сузана Конеска.
Едно лице е повредно со нож на раката по тепачка во ноќен клуб во Битола, што се наоѓа на Градското шеталиште.
Настанот се случил околу 1 часот по полноќ.
Повредениот ноќта бил згрижен во Битолската болница и му била укажана комплетна лекарска помош.
-Лицето со иницијали Т.П (26) од селото Маловишта во текот на ноќта е донесено во болницата во алкохолизирана состојба со посекотини на шака и подлактица. Укажана му е целосна медицинска помош , раната е обработена и сошиена. Но повредениот ја напуштил болницата по негово барање, иако му било укажано дека треба да биде хоспитализиран, изјави Сузана Конеска портпарол на Клиничката болница-Битола.
Фотографиите со зајдосонцата на битолчанецот Коста Ќука од денес ќе ги краст и ѕидовите на Клиничката болница во Битола. По повод Денот на лицата со посебни потреби Коста донираше пет од фотографиите од неговата прва изложба насловена „Кога заоѓа сонцето“. На фотографиите тој уловил прекрасни зајдисоцна. Преку нив и руменилото на небото ја прикажува надежта дека ќе се избришат разликите меѓу луѓето и ќе се урнат ѕидините од предрасуди.