АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во општина Битола и тоа како има концепт и решение за паркирањето во градот’, возврати Зоран Дојчиновски, директор на Јавното претпријатие по денешните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ дека власта немала концепт како да го реши паркирањето во Битола.
„Не е точно дека цената на паркинг услугите се зголемува. Имено, за првите два часа цената на паркинг услугата во централното градско подрачје (зона А) изнесува 30 денари, додека за секој следен час до крајот на паркинг сесијата цената изнесува 25 денари за час, што е за 5 денари пониска цена од предходната“, стои во реакцијата на Дојчиновски.
Општина Битола неодaмна целосно го поплочи пешачкиот дел пред зградите кај Гроздот , па несовесните возачи сега секојденевно ја узурпираат пешачка патека за да не користат платен паркинг.
Граѓаните од овој дел на градот бараат Општината да постави и метални столбчиња за да ги заштити плочките од паркирањето на автомобили, а од полицијата да дејствува на терен и да ги казнува несовесните возачи.
Паркингот во Клиничка болница Битола започна со работа -наплата раководена конечно од страна на Клиниката. Сакаме да ги информираме нашите пациенти корисници дека првите 15 минути од паркирањето се бесплатни , 2 часа -30 денари и секој нареден час се наплатува +30 денари. За секоја загубена паркинг картица се наплатува 500 денари.Во недела влезот е слободен.Во тек е тендер за набавка на автоматска централа за самонаплата со што паркингот ќе работи 24 часа.Сакаме уште да напоменaме дека во тек е уредување на клиничкиот двор и за многу брзо време ќе се започне со поставување на бехатон плочки, а дел ќе се асфалтира така што ќе добиеме паркинг и клинички двор како што прилега на Битолската клиника, велат во соопштението од Клиничката болница Битола.
Раскинат е договорот меѓу Клиничката болница од Битола и фирмата „Градски паркинзи“ за стопансување со паркинг местата во кругот на Болницата. Од Клиничката болница соопштија дека во најбрз можен рок паркингот ќе го превземат во целост.
„Сакаме да ги замолиме нашите пациенти за поддршка и разбирање за метежот кој би можел да настани во следниот период со паркирање на автомобилите во дворот на болницата. Стручен тим од болницата многу бргу ќе го превземи паркингот и ќе го стави во владение со што ќе се воспостави ред со паркирањето“, соопшти портпаролката на Болницата, Сузана Конеска.
Болницата планира да го поправи и преасфалтира дворот пред установата.
Од Клиничката болница уште пред неколку месеци се пожалија на концесионерот поради неисполнување на обврските по договорот за одржување на пристапните патеки до паркинг местата во кругот на болницата.
Паркиран автомобил пред битолската "Магаза", а неколку метри потаму камион натоварен со огревно дрво минува низ плоштадот "Магнолија".