2win800x200

Власта и опозицијата во битолскиот совет се препукуваа за прочистителната станица

Ноември 23, 2017

Кој го почнал, до каде е неговата реализација и кој ќе го заврши проектот за изградба на прочистителна станица во Битола, се препукуваа денеска советниците од власта и опозицијата во битолскиот Совет.

Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека тие го отпочнале проектот со изработка на физибилити студија уште пред неколку години, а од владеачкото  мнозинството  обвинија  дека во изминатите години на терен нема ништо изградено.

-Крајно несериозно е проекти кои наназад ги работеше ВМРО-ДПМНЕ да ги претставувате како да се ваши. Сметам дека не може проект кој започнал со одлука на претходна Влада на ВМРО-ДПМНЕ и стигнал до денешна фаза на реализација во која учествуваше претходната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ,  да го припишувате како сопствен проект, рече Иванчо Тошевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Борче Корлевски, советник од СДСМ, праша зошто ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години не го реализираше проектот за изградба на пречисителна станица.

-Добро е што колегите од опозицијата после 12 години сега се разбудија и зборуваат за капитален објект, затоа што во  минатиот период,  во два мандати го ветуваа проектот за прочистителна станица, а не го изработија на терен. Физибилити студијата беше завршена во 2012 година, а се чекаше потврда од Владата и претходниот состав на Советот не ја изгласа одлуката. Дури и самите претставници од ВМРО-ДПМНЕ кои што беа дел Комисијата за финансирање и буџет, немаа одговор зошто не е поставена на дневен ред оваа одлука која што денес ја носиме, рече Корлевски.

Проектот за изградба на прочистителна станица, рехабилитација и проширување на канлизационата мрежа ќе ќини 30 милиони евра, од кои 21 милион се обезбедени преку ИПА фондовите, а останатите од Владата на Република Македонија.

Прочистителната станица ќе ги опфајќа отпадните води од целиот град, индустриската зона  и населените места Горно и Долно Оризари и Кравари. Ќе се решат проблемите со канализационата мрежа во целиот град, а ќе понуди и трајно решение за загадување на водите во реката Драгор и Петтиот канал.

Како нус продукт од функционирање на оваа прочистителна станица ќе се добива биомаса  која може да се користи и за рекултивација на јаловината од РЕК.

До март 2018 треба да заврши експропријација на земјиштето, а потоа објавување на тендер, избор на најдобар изведувач и потпишување на договор.  Во 2019 и 2020 година предвидено е изградба на станицата и канлизационата мрежа и 2021 година се да биде ставено во функција.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани