Битола докажа дека секогаш знае да ги препознае вистинските вредности кои носат резултати и гарантираат промени кон подобра иднина.
Над 10.000 гласови повеќе во нашата општина за Гордана Сиљановска Давкова, како претседателски кандидат на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, наспроти Стево Пендаровски од СДСМ, потврдуваат дека, Битола, одлучно и недвосмислено се залага за заштита на националните интереси и македонскиот идентитет.
21.582 гласачи од нашата општина,
денес се горди на направениот вистинскиот победнички избор. Горди се вкупно 362.682 граѓани на нашата држава, а гордоста ќе значи иднина за Македонија и сите нејзини жители.
Драги битолчани, Ви благодарам за Вашата достоинственост со која покажавме дека, како граѓани на Република Македонија гордо продолжуваме да се движиме напред, зошто промените се во наши раце.
ГОРДИ НА ПРОМЕНИТЕ, ЗАЕДНО СО ВАС, ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА ЈА ВОДИМЕ МАКЕДОНИЈА ВО ВИСТИНСКИОТ ПРАВЕЦ, објави градоначалникот Тони Коњановски по вчерашните резултати од претседателските избори.