Webp.net gifmaker

Младо бувче атракција во Градскиот парк

Мај 21, 2020

Младо бувче деновиве е вистинска атракција во Градскиот парк во Битола. Младата птица скриена во отвор на кората од едно дрво го привлекува вниманието на граѓаните, посебно на децата.

Фотографијата е испратена од наш читател кој вели дека ова е бебе на голем ушест був.

Инаку брачниот период кај утките започнува во февруари. Се гнездат во карпести пукнатини и возвишенија на земјата и ретко во пукнатини од дрвјата, како што најверојатно е во овој случај 
 
На крајот на март снесува од две до четири јајца во интервал од два до четири денови. 
 
Испилените млади (по 35-дневно квачење на јајцата) се со различна возраст. Храната ретко е доволна за сите, особено ако се пет или шест. Во тој случај, најголемите бувчиња ги убиваат и јадат помалите. 
 
Младите птици започнуваат да летаат во јули. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани