Webp.net gifmaker

275 години ќе требаше да бидете на власт за да вложите пари колку нас , им рече Груевски на советниците од опозицијата

Февруари 06, 2020

275 години ќе ви требаа да бидите на власт за да ги вложите парите што ние ги даваме за животна средина, им рече претседателот на Советот Валентин Груевски на советниците од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ кои денес ја критикуваа мерката за субвенционирање на клима инвертери во Битола. На денешната седница беа донесени измени и дополнувања на Програмата за живота средина за 2020 година, со тоа што буџетот се зголемува со 160 милиони денари или 2,5 милиони евра наменети за замена на печките на дрва со инвертер клими.

 

„Дали некој има направено суштинска анлиза како тоа ќе влијае врз квалитетот на воздухот? Во колкав процент ќе влијае на квалитетот на воздухот? Ова го зборувам зашто во изминатиот период и владата на СДСМ и онаа на ВМРО ДПМНЕ субвенционираа соларни колектори, промена на пвц дограма, печки на пелети, клима инвертери. Но, сведоци сме дека повторно мерната станица Битола 2 покажува зголемена концентрација на ПМ честичките“, рече Олга Лозановска, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Иванчо Тошевски, исто така советник од ВМРО-ДПМНЕ, критикуваше дека не се спроведуваат суштински прокети туку оваа мерка е за поткуп на гласачите пред избори.

„Субвенционирањето на клима инвертерите беше најавено за првпат во август 2019 година во Битола, сега сме февруари 2020 година и сега кажувате дека овие 160 милиони денари целосно ќе бидат искористени, а на комисијата од стручни лица на Општина Битола беше кажано дека начинот на кој ќе се делат во 2020 година ќе стигните до процент на реализација меѓу 40 до 50 проценти. Со оваа мерка се обидувате да ги покриете сите промашувања со гасификација, топлификавија и прочистителна станица која требаше да почне да работи на први годинава“, рече Тошевски.

На обвинувањата возврати Груевски кој им рече дека фактите говорат оти ВМРО-ДПМНЕ дури беше 12 години на власт во Битола за водухот потроши 6 милиони денари, а сегашната власт само за годинава ќе обезбеди 160 милиони денари за клима инвертери.

„Дали некогаш во 12 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ издвоивте толку многу пари за заштита на животна средина и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух? Не донесовте! Дали потрошивте некогаш толку пари сите години заедно за амбиенталниот воздух во Битола? Не! Ќе ве потсетам за 12 години субвенциониравте печки на пелети во вредност од 6 милиони денари и тоа е се. Ништо друго. Сега вложуваме 160 милиони денари за една година. Знаете колку години ќе ви требаа да бидите на власт да ги вложите овие со ваша динамика- 275 години, на секои 12 години по 100 000 евра, 275 години ќе ви требаа да бидете на власт и ќе ја стигневте оваа сум и сега зборувате дека 2,5 милиони евра не се доволни. Ова е рекордно вложување. Го заменивме и греењето во ОУ ‘Кирил и Методиј“, колку што таму вложивме пари, толку пари вие вложивте во 12 години за животна средина дури бевте на власт“, рече Груевски.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани