2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Градоначалникот Коњановски повика на координација, СДСМ и Поинаку не отидоа

Септември 21, 2023
 
 
Градоначалникот Тони Коњановски денеска ги повикал на средба координаторите на советничките групи, но СДСМ И Поинаку не отишле. 
 
На средбата присуствувале координаторите на ВМРО ДПМНЕ, Левица, Коалицијата „Движење одлучно за промени“и ДУИ. 
 
Коњановски вели ова било чекор „за да можеме конструктивно да работиме, пред одржувањето на следната седница, наместо да продолжиме да ја оптоваруваме јавноста со нови проблеми и нечие политикантство.“
 
-Но, на состанокот, кратко се појави и претседателката на Советот, без желба за соработка и иницијативност, за потоа преку Фејсбук статус, јавно да се произнесе дека не само што не сака да соработува, туку и дека не го почитува изборот на граѓаните, кои  ми ја дадоа довербата да бидам градоначалник. Јас сепак, ќе го задржам сопственото достоинство без да и реплицирам, затоа што сите ние МОРАМЕ да придонесуваме за нашите битолчани, а тоа е можно само со проекти и дела, а не низ лаги и манипулации, Објави градоначалникот на Фејсбук. 
Тој вели дека лажните обвинувања продолжија и од СДСМ, кои воопшто не се појавија на денешниот состанок и преку соопштение се обидоа да ја изманипулираат јавноста.
-Нив само ќе ги потсетам, дека за реализацијата од 45,10% на капитални инвестиции во инфраструктура и проекти, доказ се улиците кои се реконструираат, паркинг просторите и другите објекти, а ако сакаат да се потсетат на времето кога тие беа на власт, нека го преслушаат моето обраќање на седницата на 21.06.2022, каде ќе ги видат и тогашните реализации на буџетот во првите квартали на годините од 2018 – 2021, каде процентот бил од 10,95% до 15,74%, за да во 2022 го донесеме на 24,36%. Бројките ја потврдуваат вистината, а секој советник кој навистина се грижи за Битола, треба и да дејствува во таа насока. Бегството и непочитувањето, нема да ги решат проблемите, ниту да донесат проекти, вели Коњановски.
 

СДСМ нема да присуствува на денешната координација кај градоначалникот Тони Коњановски. Нема повеќе да даваме легитимитет на градоначалник кој ја опљачка општинската каса, кој лаже и манипулира секојдневно, а кој упорно во јавноста се прикажува како жртва, објави СДСМ .

-За сите прашања од интерес на Битола и битолчани надлежен да одлучува е Советот на Општина Битола, а извршител на одлуките е градоначалникот и општинската администрација. Две години Коњановски никако да “излезе од филмот” дека е и градоначалник и Совет во Битола. Координативните средби што ги закажува во неговиот кабинет, без наведена агенда, се претворија во притисок врз советниците и евтин ПР во кој Коњановски сака да прикаже транспарентност и инклузија. На крај, пак ќе си ја истера својата и партиската агенда, за сѐ што не чини во градот ќе ги обвини советниците и продолжува со уште поголема жестина да ги напаѓа и деградира. Затоа, тука ставаме точка, рече Ивона Трифунов, од СДСМ .

-Состаноци во кабинетот на Коњановски во моментов се непотребно губење време. Битола има многу сериозни проблеми кои бараат итни решенија и за кои надлежен да ги решава е градоначалникот. Нашето денешно отсуство од “седенката” нека биде уште еден придoнес за Коњановски конечно да излезе на терен и да се увери во каква црна дупка ја претвори Битола!, смета накрај Трифунов 

„Како шо се слика секој ден и се лажат меѓусебе партиски, така отсега и состаноци нека си држи“, вели Габриела Илиевска во објавата на Фејсбук за одлуката да не оди на координација кај градоначалникот.

-Без никаков дневен ред, без материјали и без агенда, а со желба да му се поддржи безидејноста, непотизмот, неспособноста и егоцентричноста.

Сакајќи да ќари некој политички поен и да прикажи соработка, заборавајќи дека секојдневно е извор на лажни информации, деградирање и омаловажување на советот и советниците, напиша Илиевска на ФБ .
 
Накрај градоначалникот порачува- Се надевам дека со разумност и конструктивност, ќе можеме да ги реализираме сите инвестициски планови, кои континуирано се под закана на политичките амбиции на СДСМ и Поинаку.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани