Webp.net gifmaker

Синиша Петровиќ-Позитивен сум на коронавирус, дома сум и се чувствувам добро со лесни симптоми

Мај 11, 2020

Сопственикот и менаџер на „Синпекс“ ДОО Битола  е еден од 23 позитивни на коронавирусот во нашиот град.  Неговото обраќање ви го пренесуваме во целост.

 
„Во име на вистината и транспарентноста, онака како што сите не доживувате како „СИНПЕКС“, како ваши долгогодишни пријатели, соработници, сакам да ја информирам јавноста дека сум позитивен на коронавирусот, дома сум и се чувствувам добро, со лесни симптоми.

Сакам да Ве информирам дека на 1 мај имав минимално покачена температура од 37,5 до 37,6 Целзиусови степени, без никакви други симптоми и температурата траеше 24 часа. Следните три дена немав ни температура, ниту симптоми карактеристични за коронавирусот. Минимална температура се врати петтиот ден по што инсистирав на тестирање и соодветна терапија. Напоменувам дека во периодот на инкубација немав многу контакти, а и тие кои ги имав веќе поминаа 13-14 дена.

Во просториите на „СИНПЕКС“ отидов на работа само на 4 мај, кратко од 9 до 12 часот, и да напоменам носев маска, ракавици и одбегнував контакти со нашите вработени. Во следните денови останав дома, изолиран.

По ова и моето најтесно семејство е во самоизолација. Во нашата фирма во самоизолација се пет лица, од нив со двајца бев во краток контакт од само неколку минути.

Сите наши вработени се на работа во одлична здравствена состојба. Од почетокот на кризата вршиме редовна дезинфекција на објектот, а денеска е направена и вонредна дезинфекција. Работиме по сите препораки на владата, под маски и со почитување на социјална дистанца.

Посакувам оваа криза што поскоро да заврши, да продолжиме со секојдневните обврски.

Чувајте се и останете во добро здравје, јас сум добро, а исто и моето семејство.“

Синиша Петровиќ, менаџер на „СИНПЕКС“ ДОО Битола



#ковид19 #останидома #staysafe #седидома

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани