2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Западот не ја предизвика војната во Украина

Мај 26, 2022

Идејата дека САД и НАТО ја поттикнуваат кризата меѓу Русија и Украина секојдневно извира од пропагандната машинерија на Кремљ. Фактите, пак, говорат дека  западните лидери уште во декември минатата година ја повикаа Русија да ги смири тензиите и ветија дека ќе ја поддржат Украина во случај на каква било закана од Москва. Кон крајот на 2021 година, Русија почна да распоредува голем број војници на границите на Украина. Потоа Путин го укина мировниот договор од 2015 година за истокот и ги призна областите под контрола на бунтовниците како независни. Па, иако постојано негираше дека ќе нападне, сепак Русија  рано утрото на 24 февруари изврши инвазија врз Украина

Рецензираме пост на социјалната мрежа Фејсбук, кој за воената инвазија врз Украина го обвинува Западот. Ова е дезинформација.

Во постот стои:

Неколку месеци по ред трупаа оружје во Украина. Авиони, бомби, ракети, се проследено со медиумска помпа и закани, за да предизвикаат војна.

Во меѓувреме си ги евакуираа нивните луѓе и дипломати на безбедно.

Ги втурнаа Украинците да гинат во војна и ги оставија сами.

Идејата дека САД и НАТО ја поттикнуваат кризата меѓу Русија и Украина секојдневно извира од пропагандната машинерија на Кремљ.

Не е точно дека ЕУ и САД се виновни за војната меѓу Русија и Украина. Имено, Русија  рано утрото на 24 февруари изврши инвазија врз Украина. Иако постојано негираше дека ќе нападне.

По воздушен, копнен и воден пат, Русија изврши разорен напад врз Украина, европска демократија од 44 милиони луѓе. Со месеци, претседателот Владимир Путин негираше дека ќе го нападне својот сосед, но потоа го раскина мировниот договор, испраќајќи сили преку границите на север, исток и југ на Украина. Како што се зголемува бројот на загинати, тој е обвинет дека го нарушува мирот во Европа, објави „Би Би Си“.

ВОЈНАТА ЈА ЗАПОЧНА РУСИЈА

Русија долго време се спротивставува на потегот на Украина за членство во Европската унија и НАТО. Кон крајот на 2021 година, Русија почна да распоредува голем број војници на границите на Украина, додека постојано негираше дека ќе нападне. Потоа Путин го укина мировниот договор од 2015 година за истокот и ги призна областите под контрола на бунтовниците како независни. А, започнувајќи ја руската инвазија на 24 февруари, Путин го обвини НАТО дека ја загрозува историската иднина на нацијата.

Фактите пак, говорат дека  западните лидери уште во декември минатата година ја повикаа Русија да ги смири тензиите и ветија дека ќе ја поддржат Украина во случај на каква било закана од Москва. Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со британскиот Борис Џонсон и лидерите на Франција, Италија и Германија, при што се согласиле да ги употребат сите можни алатки за да се спречи агресија.

САД и ЕУ изразија голема загриженост и во повеќе наврати се обидоа да го спречат нападот. Во Резолуцијата усвоена во декември 2021 година, од страна на европратениците, ја повикаа Русија да ги повлече своите трупи кои се закануваат на Украина и рекоа дека секоја агресија од Москва ќе има висока економска и политичка цена.

Членовите на парламентарната комисија за надворешни работи и поткомитетот за безбедност и одбрана отидоа во мисија за утврдување факти во Украина од 30 јануари до 1 февруари 2022 година.

Европратениците повикаа на обединет одговор и изразија поддршка за Украина во дебатата за односите меѓу ЕУ и Русија, европската безбедност и воената закана на Русија против Украина на 16 февруари 2022 година.

На 22 февруари, водечките европратеници остро го осудија признавањето на областите Доњецк и Луганск во Украина како независни ентитети од страна на рускиот претседател Владимир Путин.

КАКО РЕАГИРАШЕ ЗАПАДОТ?

ЕУ и САД покрај осудата и повиците Русија да запре со воените активности презедоа и конкретни чекори:

• Одбранбениот сојуз НАТО јасно стави до знаење дека нема планови за испраќање борбени трупи во самата Украина. Досега земјите-членки испраќаа оружје и теренски болници, а ЕУ, за прв пат во својата историја, купува и испраќа оружје и друга опрема. НАТО распореди неколку илјади војници во балтичките земји и Полска и за прв пат активира дел од своите многу поголеми сили за брза реакција.
• Во исто време, Западот е насочен кон руската економија, финансиски институции и поединци.
• ЕУ, САД, Велика Британија, Јапонија и Канада ги исклучуваат клучните руски банки од меѓународната платежна мрежа Свифт, која овозможува непречен и брз трансфер на пари преку границите.
• ЕУ, Велика Британија и Канада го затворија својот воздушен простор за руските авиокомпании.
• Германија го прекина одобрувањето за рускиот гасовод Северен тек 2.
• Руските државни медиуми Спутник и Русија денес, кои се гледаат како гласноговорник на Кремљ, се забранети низ ЕУ
• Рускиот град Санкт Петербург повеќе нема да може да биде домаќин на овогодинешното финале во Лигата на шампионите, а трката за ГН на Русија нема да се одржи во Сочи, пишува во анализата на „Би Би Си“.

КАКО ЕУ ЈА ПОДДРЖУВА УКРАИНА?

Не е точно дека Украина е оставена сама на себе. Западот години наназад ја поддржува Украина. Постојат различни иницијативи на ЕУ за поддршка на економијата на Украина, помош на зелена транзиција и помагање на земјата да се реформира, кои може да се видат на веб-порталот на Европскиот парламент:

  • Од 2014 година, повеќе од 17 милијарди евра грантови и заеми се мобилизирани од страна на ЕУ и финансиските институции за поддршка на реформите во Украина,
  • Од 2015 година, повеќе од 11.500 украински студенти учествуваа во популарната програма на ЕУ Еразмус +.
  • ЕУ инвестира во проекти за стимулирање на економијата на Украина, вклучувајќи директна поддршка за 100.000 мали и средни претпријатија, помош за повеќе од 10.000 фирми во руралните области и средства за модернизација на јавната ИТ инфраструктура.
  • Од почетокот на пандемијата на Ковид, ЕУ мобилизираше повеќе од 190 милиони евра за Украина за поддршка на непосредните потреби и социо-економското закрепнување, како и 1,2 милијарди евра макрофинансиска помош. ЕУ испорача повеќе од 36 милиони ставки лична заштитна опрема, како и амбулантни возила, критична медицинска опрема и обука за здравствениот персонал. Во соработка со граѓанското општество, ЕУ обезбедува храна и лекови за ранливите семејства.
  • На 16 февруари 2022 година, европратениците одобрија макрофинансиски заем од 1,2 милијарди евра за да и помогнат на Украина да ги покрие потребите за надворешно финансирање во 2022 година.
  • Во септември 2014 година, Европскиот парламент даде согласност за договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Украина, кој вклучува длабок и сеопфатен договор за слободна трговија. Договорот воспостави политичко здружување и економска интеграција меѓу ЕУ и Украина и предвидува заеднички слободен пристап на пазарот.
  • Договорот ги утврди основните правила за соработка во областите вклучувајќи ги енергетиката, транспортот и образованието. Исто така, побара од Украина да спроведе реформи и да ги почитува демократските принципи, човековите права и владеењето на правото.
  • Договорот за слободна трговија значително ги интегрираше пазарите на ЕУ и Украина со укинување на увозните давачки и забрана на други трговски ограничувања, иако со специфични ограничувања и преодни периоди во чувствителните области, како што е трговијата со земјоделски производи.
  • ЕУ е главниот трговски партнер на Украина, со повеќе од 40 отсто од меѓународната трговија на земјата.

ЕУ СО 450 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ КУПУВА ОРУЖЈЕ ЗА УКРАИНА

Во постот тенденциозно се тврди дека Украина е оставена сама на себе.  Но, тоа не е така, таа ја има поддршката од САД и ЕУ.

Земјите членки на ЕУ во неделата се согласија да одвојат 450 милиони евра за купување оружје за Украина, соопшти првиот дипломат на Унијата, Жозеп Борел.

Помошта нема да се сведе само на муниција, туку на Украина ќе и бидат испратени и борбени авиони, рече Борел.

Мерката е дел од сеопфатен пакет за поддршка за Украина и санкции за Русија договорен од 27 земји-членки. Одобрена е и забраната за трансакции со руската Централна банка.

Воведена е и целосна забрана за прелетување на руските авиокомпании на територијата на сите земји-членки на ЕУ.

Имајќи ги предвид  сите изнесени факти, оваа објава ја оценуваме како дезинформација.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани