2win800x200

Мавровски со демант-На Битола и се случува културна ренесанса со докажани уметници без разлика на партијата

Декември 12, 2022
 
Васко Мавровски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола испрати демант на обвинувањата на ОО на СДСМ Битола во кои стои дека наплатил речиси половина милион денари од Општина Битола. https://apla.mk/denes/item/11967-sdsm-obvinuva-portparolot-mavrovski-naplatil-skoro-polovina-milion-denari-od-opshtina-bitola
 
ДЕМАНТ
Почитувани граѓани, денес уште еднаш локалната опозиција прави дефокус од нивното незнаење, корупција, криминал и неспособност, споменувајќи го моето име, моето семејство и градоначалникот Тони Коњановски.
За разлика од вас мене удбашките методи не ми се познати и нема преку адвокат да го контактирам "младичот" кој "сосема случајно" лично ме деградира, ја деградира мојата сопруга, Општина Битола и градоначалникот правејќи се недоветен дека тој не знаел за што се средствата исплатени ама гордо и со укор заклучи дека јас се "богатам" а градоначалникот ми исплаќа средства бидејќи сум негов сопартиец.
Еве вака млад социјалдемократу:
1. 350.000 денари се исплатени за ИДТФ БИТОЛИНО со одлука на совет како дел од годишната програма на општината за култура, вашата опција гласаше против а координаторот на СДС дури кажа дека тоа е супер фестивал ама зошто да му даваме пари...
2. 41.350 денари претстава ЗИМА, 6професионални актери и авторска музика, можеби и најефтината понуда за минатогодишната ЗИМСКА ПРИКАЗНА, на која учествуваа и плејада ваши членови и поддржувачи...
За да не должам сите овие средства со извештај се поднесени во УЈП и во општина Битола и се достапни за секого.
И сега НАЈВАЖНОТО доколку не добијам јавно извинување за личната деградација и деградирањето на моето семејство ќе морам да побарам и да добијам објаснување од нарачателите на оваа бедна и мизерна прес конференција КОЛКУ ПАРИ СЕ ИСПЛАТЕНИ НА ВАШИТЕ РАКОВОДИТЕЛИ НА НАЦИОНАЛНИ ИНСТИТУЦИИ ОД КУЛТУРАТА ЗА ПРИВАТНИ АНГАЖМАНИ ОД ОПШТИНА БИТОЛА ДОДЕКА СИ ЈА ЗЕМАЛЕ СВОЈАТА ПЛАТА ОД ИСТИТЕ?
КОЛКУ СРЕДСТВА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИМ ИСПЛАТИЛ НА ИНСТИТУЦИИТЕ РАКОВОДЕНИ ОД ВАШИ КАДРИ?
ЗОШТО ОПШТИНА БИТОЛА БЕЗ ПОВИК ДОДЕЛУВАЛА ДОГОВОРИ ЗА ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА ЦЕЛИ 4 ГОДИНИ?
Не заслужувате одговор од моја страна ама тоа пак не прави различни, знам дека ова е уште еден притисок да престанам да го прашувам вашиот лидер и функционерите околу него за криминалот во кој се закопани ама нема да ви помине.
Почитувани на Битола и се случува културна ренесанса во која учествуваат сите докажани и признати уметници без разлика на партиска, верска и национална основа ама вие немате капацитет истото да го препознаете‼️
Се гледаме за скоро со нови прашања за кој немате доблест да одговорите, полесно е со лаги и манипулации.
Срдечно.
Васко Мавровски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани