2win800x200

 
По капитуилацијта на Бугарија, продолжувајќи ја борбата против германските единици
што се повлекувале од Грција кон Албанја и Србија, борците на 49. дивизија на НОВ и
ПО на Македонија, во чии рамки влегувале борците од Седмата битолска бригада,
Битолско-преспанскиот партизански одред, а нешто подоцна и борците на Леринско-
костурската бригада, уште позасиелно ги напаѓале германските колони и им
нанесувале тешки загуби во луѓе и техника.

Дрво на пријателство засадија денеска градоначалниците на двата збратимени града Епинал и Битола, Мишел Хајрниш и Наташа Петровска, во малиот парк  наспроти стаклената зграда во центарот на Битола, каде што се наоѓа макетата на квартот Битола во францускиот град Епинал.

Кошница за пчели и подари на Оштина Битола  градоначалникот на францускиот град Епинал, Мишел Хајнриш, по повод 50 годишнината од збратимувањето на двата града. Кошницата е поставена во општинскиот двор, а Хајнриш ја објасни симболиката на овој подарок.

Со пригодна приредба, децата од комбинираната група во детската градинка "Вангел Мајорот" при ЈОУДГ "Естреја Овадија Мара", се вклучија во одбележувањето на роденденот на Битола, 4-ти Ноември.

Прилепчанецот Љупчо Ристески, автор на аметерскиот документарен филмот „Клучарот Цако“ е добитник на гран-при „Плакета Милтон Манаки“ на 26.Интернационален аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола.

„'Златната камера 300' заврши во рацете на авторите од Србија Драго Латиновиќ и Илија Галоња за филмот 'Зоб'. 'Сребрената камера 300' ја доби битолчанката Ема Лазарова за филмот 'Никогаш повеќе' посветен на депортацијата на битолските Евреи. 'Бронзена камера 300' е доделена на филмот 'Без смисла' на Ролф Мандолези од Италија“ соопшти Стевче Хаџи Антоновски претседател на Фестивалот.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани