АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Прилепчанецот Љупчо Ристески, автор на аметерскиот документарен филмот „Клучарот Цако“ е добитник на гран-при „Плакета Милтон Манаки“ на 26.Интернационален аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола.
„'Златната камера 300' заврши во рацете на авторите од Србија Драго Латиновиќ и Илија Галоња за филмот 'Зоб'. 'Сребрената камера 300' ја доби битолчанката Ема Лазарова за филмот 'Никогаш повеќе' посветен на депортацијата на битолските Евреи. 'Бронзена камера 300' е доделена на филмот 'Без смисла' на Ролф Мандолези од Италија“ соопшти Стевче Хаџи Антоновски претседател на Фестивалот.
Со Златен медал на УНИКА награде е филмот „Мојот живот“ на авторот Игор Стојчевски од Македонија, а Плакета за најдобра камера што ја доделува Оппштина Битола ја диби битолчанецот Диме Талевски за филмот „Москополе денес“.
Плаќетата за режија „Драги Савевски“ ја доби авторот Радован Челиќ од Србија за филмот „Банатски блуз“ , плакета за монтажа охриѓанецот Тоде Љушев за филмот „Держава Вевчани Карневааал’’. Плакета за идеја доби стружанецот Петар Узунов за филмот „Жртви на технологијата“, а Плакета за репортажа Анета Горѓиевска за филмот „Камените кули раскажуваат“ .
Плакета му беше доделена и на Кино клубот од Прилеп со најзастапени автори годинава на фестивалот.
Фестивалот по 26 пат го организира Кино видео клуб „Студио Милтон Манаки“, а е поддржан од Агенцијата за филм на РМ и градоначалникот на Општина Битола.