АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од ЈП Нискоградба Битола информираат дека нивната механизација е активна на терен во расчистување на снегот, но апелираат до граѓаните да ги отстранат своите возила од коловозите за да можат дежурните екипи непречено да вршат расчистување на снегот особено во Брусничко Лавчанскиот дел од градот.
КЈП Нискоградба Битола ги известува граѓаните дека наплатниот центар ке работи со скратено работно време од 07 до 14часот од понеделник до петок, а Управна зграда од 08 до 14 часот во истите работни денови.
Од понеделник до петок и во случај на итни интервенции да се контактира оперативата на тел.047-221-016. Изменетото работно време е поради новите мерки за ограничено движење.
Согласно мерките и препораките издадени од Владата на РСМ, а во врска со вирусот COVID19 се известуваат граѓаните дека сметките за комунални услуги (канализација) за месеците февруари, март и април се со одложено плаќање, односно истите ќе можат да се подмират после завршување на пандемијата на COVID19 без камата и на рати.
КЈП „Нискоградба“- Битола ги известува своите порошувачи, дека сметките од „Нискоградба“ може да ги плаќате во наплатниот центар на трите Јавни Претпијатија (Нискоградба, Водовод и Комуналец) на ул „Рузвелтова“ бр. 5 (Работнички универзитет) и во Дирекција на Ул „Бул 1ви Мај“ бб без провизија.