АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Прегратката не ја препишуваат на рецепт (барем засега). Научно е докажано дека нејзиното дејство на нашиот организам е поголемо од било која таблетарна терапија. Имено таа е благослов со кој го намалуваме стресот, се поврзуваме, разменуваме енергија, покажуваме љубов, уживаме, чувствуваме припадност. Постои епидемија во светот наречена ,,Free Hugs,, или познато кај нас како ,,Гратис гушкање,,. Имено кога Хуан Мал стигнал на аеродромот во Сиднеј немајќи кој да го пречека и прегрне добил идеја да напише на картон дека дава гратис прегратка со што би го подобрил своето, но и расположението на многу други. Најпрво сите го гледале како да е луд за потоа да го прегрне една жена, а после неа да не прекине тој круг до денес. Сигурна сум дека Хуан не само што го подобрил своето расположение туку и се наполнил со позитивна енергија која почнувајќи од тој момент го обиколи светот.
Прашањето кое се поставува е: Зошто тоа така влијае кај човекот? Размената на енергијата при гушкањето е лековита. Научно е докажано дека се потребни 4 прегратки дневно за да преживееме, 8 за да имаме живот, а 12 за да напредуваме. Прегратката е нешто во кое даваме , но и примаме истовремено.Таа е божји дар за кој ни требаат две раце и добра волја.
,,Легендата вели дека секогаш кога некој искрено ќе го гушнеме добиваме ден плус од животот,,
Затоа не чекајте . На прегратката не и треба заслуга. Прегратката не е на продажба, ниту пак се препишува на рецепт,а е од исклучителна важност за подобар живот. Нашата душа бара да ја испочитуваме легендата доследно верувајќи во неа.
Пробајте, а потоа ако имате волја оставете коментар како се чувствувате. Ако вреди Вие препишете го првиот рецепт на оние кои ги сакате откривајќи ја ,,тајната,, 4-8-12 прегратки дневно.Практикувајќи добивате авторски права за тоа.
Колку повеќе толку подобро.Не е важно дали со една или повеќе личности. Не постојат нус појави ниту предозирање J .
Пишува,
М-р Билјана Галовска (coaching & NLP practitioner)