АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во текот на денот група ученици се собраа пред Општина Битола, протестирајќи по однос на состојбите со превозот. Градоначалничката на Општина Битола ги покани децата во општината, при што им ја објасни актуелната состојба со превозниците, законските измени и новите правила за користење на линискиот превоз од страна на учениците во местата каде што го има. На оваа средба, таа исто така им ги објасни и тековните наследени проблеми од изминатите години со кои што се соочува Општина Битола во моментов и ги повика на трпение, до конечното решавање на проблемот, кое следува за краток период. Петровска и пред нив уште еднаш го повтори ставот дека општината нема намера да штити нечии лични интереси на штета на образованието, односно на штета на условите во кои децата. Таа посочи дека на сметка на досегашните високи цени на превозот на учениците, не е направено повеќе во однос на санирање на тоалетите, таблите, прозорците, а ниту во нагледните средства за работа.
Ваквото обраќање на градоначалничката наиде на разбирање кај учениците и во коректна атмосфера се договорија на взаемо решавање на проблемот и натамошна координација. При тоа таа ги замоли да не бидат инструментализирани од одредени поединци и структури кои што криејќи се зад наводен интерес за решавање на проблемот со превозот, сакаат да остварат лични и политички поени.
На средбата присуствуваа и директори на дел од училиштата, кои дополнително дадоа објаснувања за натамошните чекори кон изнаоѓање решение на овој проблем.
Повеќе од 31 000 гласови во општина Битола не добив за да продолжат коруптивните зделки до даска во превозот со учениците, рече градоначалничката Наташа Петровска околу актуелната состојба со школскиот превоз во Битола.
Протест со паркирање на автобусите пред општинската зграда, односно по Булеварот „Први Мај“, најавуваат превозниците на линискиот општински превоз за в понеделник кога на седница на Совет треба да се донесат измените на тарифникот за првоз на ученици.
Родители на ученици од пограничните битолски села утрово се сообраа во Гермијан и побараа да се реши проблемот со бесплатниот школски превоз. Во спротивно, рекоа дека преку социјалните мрежи ќе се договореле од цела Битола никој да не оди на училиште.
Дел од учениците од околните општини кои учат во Битола се жалат дека останале без превоз. Од Општина Битола соопштија дека бесплатниот школски превоз за учениците ќе биде од превозници кои го вршат општинскиот линиски превоз и на овој начин се обидуваат да го реши со години напластениот проблем со школскиот превоз за кој училиштата должат 770 000 евра кон превозниците.
Во Битола на гласање излегле 27 739 лица или 33,77 проценти од 82 131 гласачи запишани на избирачкиот список, објави ДИК по обработката на сите гласачки ливчиња од сите 170 гласачки места во општината.
Од нив дури 89,59 проценти или 24 852 гласале „за“, а само седум проценти или 1941 „против“.
Група од стотина граѓани вечерва се собра на плоштадот Магнолија пред споменикот на Филип Втори и славеа што на референдумот за промена на името не успеа да се постигне цензусот. Тие носеа македонски знамиња и ја пееја песната „Едно име имаме“.
Апла.мк неофицијално дознава дека на референдумот во Битола излегле околу 27 450 гласачи, од кои околу 25 550 или околу 93 проценти гласале „за“, а 1900 „против“ или 6,92 проценти.
Според досегашните резултати објавени од ДИК, од обработени 5110 гласови во Општина Битола над 90 проценти гласале „за“, а над 6 проценти биле против. Ова не се конечни резултати зашто имаат сѐ уште податоци за обработка.
До 18,30 часот од 82 131 гласач во општина Битола гласале 32.73 проценти, соопшти ДИК. Според ова, своето гласачко право го искористиле 26 855 битолчани.