2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

На 61 годишна возраст по кратко боледување почина актерката Јулијана Стефанова, која целиот работен век му го посвети на Народниот тетар -Битола. Нејзините колеги со тажно срце на социјалните мрежи се збогуваат од Јулијана, која беше одличен актер и голем  пријател. Зад себе остави море од одиграни претстави и театарски улоги, а публиката најмногу ќе ја памети по нејзиниот извонреден хумор на театарската сцена. 

 

Територијалната противпожарна единица во Битола, продолжува да ги подобрува материјално – техничките услови, а со тоа и капацитетите за интервенција во случаи кога тоа е потребно. Новата противпожарна опрема, која општината ја доби за територијалната противпожарна единица од Дирекцијата за заштита и спасување се состои во комплетен сет од спасувачки систем за стабилизирање и подигање при елементарни непогоди и комплексни сообраќајни незгоди и комплет сет за спасување од поплави.

Со денешната донација од ново теренско возило за гаснење на пожари на отворен простор, се дополнува и возниот парк на ТППЕ Битола.

поз2

поз3

поз4

НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола го одбележа Први октомври- Меѓународниот ден на старите лица со донација на над шеесеттина наслови во Приватната установа за социјална заштита на стари лица- Дом Софија.

Книгите ги предаде директорот на НУУБ„ Св. Климент Охридски“- Битола м-р Бојан Стефановски при што истакна:„ Ајде да ги поттикнеме нашите деца, нашите блиски, општествено одговорните приватни компании, образовните институции и сите други да почнеме да се грижиме за старите лица, и тоа како што би сакале да се грижат за нас кога ќе ги надраснеме нивните години. Јас знам дека сите заедно можеме повеќе, и како граѓани и како институции!”

На овој настан присуствуваше и писателката Славица Гаџова Свидерски која им прочита неколку нејзини поеми. Библиотекарите во секое време се стремат да остварат прекрасни работилници па заедно со писателката и тие им прочитаа прекрасен расказ за тоа колку може да се научи од возрасните. Низ пријатен разговор се запознавме со корисниците на установата, кои се прекрасни личности од кои може многу да се слушни за животот и да се научи. Им посакуваме уште многу заеднички дружења и во иднина да ни останат со добро здравје.

May be an image of 4 people, people sitting and indoor

May be an image of 4 people, people sitting, people standing and indoor
 
May be an image of 8 people, people sitting and indoor
 
May be an image of 5 people and indoor
 
 
May be an image of 11 people and indoor
 
May be an image of 8 people
 

Генералниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Васко Ковачевски јавно го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски веднаш да ги исконтактира компаниите за кои вчера тврдеше дека можат да донесат поевтин мазут и гас со што државата ќе заштеди 300 милиони евра, за најдоцна до среда да ги достават нивните понуди до ЕСМ.  Ако ги исполнуваат критериумите кои се пропишани при тендерите за набавка на вакви енергенси, ќе бидат прифатени, а ако не достават ЕСМ ќе ја извести јавноста за исходот на постапката.

 

Ковачевски посочи дека понудите треба да содржат технички карактеристики на енергенсот што го нудат, да ги имаат потребните сертификати и лиценци, да ги имаат обезбедено потребните количини од 250.000 тони мазут и 250 милиони метри кубни гас, да имаат договори со добавувачите и транспорт на мазутот до ТЕЦ Неготино, РЕК Битола и Осломеј, а гасот до ТЕ-ТО и топланите во Скопје. Понатаму, динамика на испорака да биде согласно производниот план на ЕСМ и на крај да ги имаат обезбедено банкарските гаранции за сериозност на доставената понуда и за квалитетно извршување на постигнатите договори.

 

„Секоја понуда во насока на надминување на актуелната криза е добредојдена. Доколку пристигнат вакви комплетни понуди, согласно Законот за јавни набавски на енергенси, истите веднаш ќе бидат разгледани од Комисијата за јавни набавки на ЕСМ. Доколку понудите ги исполнуваат критериумите и доколку добие понуди по препорака на Мицковски имаат најниски цени и ќе донесат бенефит на државата и ЕСМ до 300 милиони евра, веднаш со тие компании ќе склучиме договори“, рече Ковачевски.

Мицкоски вчера објави дека неговата партија преку контакти во Западна Европа пронашла поевтини количини на мазут и природен гас.

„Од Западна Европа пронајдовме мазут за ТЕЦ Неготино кој ќе може да обезбеди од 160 до 180 мегавати моќност, но електричната енергија да му се отстапи на бизнисот. Мазутот ќе биде за 200 евра поевтин по тон и заштедите ќе бидат 40 милиони евра. Можеме да договориме 250 милиони нормални метри кубни гас за централата ТЕ-ТО. Цената на гасот би била нешто повеќе од 200 евра. Инаку, во моментов за гасот што Владата го преговара со Србија треба да платиме повеќе од 700 евра“, рече Мицковски и тврдеше дека ако државата ги прифати нивните понуди, заштедата би била 300 милиони евра.

Се почесто во нашите амбуланти имаме се помлади и помлади луѓе кои стардаат од кардиоваскуалрни заболувања, пишува Д-р Атанас Ѓоргиевски за Дума.мк 

Стресниот, совремниот брз начин на живот како и се помалку  време посветено на здрава физичка активност ги прави младите луѓе се поподложни на кардиоваскуалрни заболувања. Ако некогаш сметавме дека инфарктот е заболување на понапредна возраст сега веќе имаме примери и на млади луѓе кои поради стресниот начин на живот ги оштетуваат крвните садови и развиваат инфаркти.

Имено најмладиот пациент кој имаше инфаркт во минатата година беше девојка на свои 26 години.

ЗОШТО СЕ ПОВЕЌЕ МЛАДИ ?

Ова прашање се почесто  се наметнува и не поттикнва  сериозно да размислиме за состојбата на превенција  кај младите луѓе. Најголем проблем е  секако отсуството на редовна физичка активност односно здрав спорт. Младите често одат во теретани каде само го обликуваат своето тело, примаат препарати за тоа обликување за т.н бодибилдинг но немаат здрава аеробна физичка активност.

 Европското кардиолошко здружение советува да се вежба НАЈМАЛКУ 150 МИН НЕДЕЛНО но се препорачуваат и аеробни вежби, како пливање, трчање, џогинг или било кој спорт во кој се користи сопствената тежина.

Потоа се позначаен фактор кај младите е лошиот начин на живот , нередвниот сон. Имено често се посетуваат  дискотеки, кои функционираат до раните утрински часови, и вечерниот ЗДРАВ сон  е заменет со  дневно спиење кое не е и од прилика еднакво и доволно како ноќниот сон. Секако и лошата исхрана е доминантен фактор па младите луѓе  се хранат со брза храна, тостови , хамбургери и слично, коај е полна со маснотии  што води до покачен ризик од инфаркт. Кон се ова се надоврзува и пушењето цигари, кое иако имаме посовремно и подобро едуцирање, сепак сеуште  е изразито присутно на нашите простори. Познато  е дека колку е понепросветен народот толку има повеќе пушачи ,и како најпушачки европски нации се Албанија, Косово , Бугарија, Македонија додека најмалку пушачи имаме во скандинавските земји.

Светската асоцијација за здраво срце советува СИТЕ да се посветиме на МУДРО користење на нашето срце.

ДА го користиме нашето срце за нас и да го анулираме стресот. 

Пишува: Д-р Атанас Ѓоргиевски

Специјалист кардиолог

Преземено од Дума.мк 

Извор: https://duma.mk/fan-klub/d-r-gjorgievski-da-go-koristime-nasheto-srce-za-nas-i-da-go-anulirame-stresot/?fbclid=IwAR0ursrglaURB-qyV1NBCeXDxoEb4fIDULhV6Owt_qE5IV-3QQuBYG387Ig

 

Во рамките на проектот „Подобрување на енергетската ефикасност во згради - БЕНЕФИТ“, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција, делегација од Општина Битола, претставувана од претседателката на Советот, Габриела Илиевска, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, како и Гордана Цветковска Бошевска и Горан Неделков, задолжени за реализација на проектните активности, присуствува на „Европската недела на одржлива енергија“ во Брисел.  Заедно со претставниците на општина Битола, на најголемиот настан на Европската комисија посветен на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, присуствуваат и проектните партнери на општина Битола од грчката страна и тоа: Спиридон Економу од бордот на директори на Центарот за обновливи извори на енергија и заштеда на енергија, Јанис Фалас од Кластерот за биоенергија и животна средина, како и претставниците од Министерството за внатрешни работи на Грција: Јоанис Коцимпасис – раководител на одделението за кофинансирани програми и регионален развој и Анастасиос Зафиридис, раководител на одделението за информации за инвеститори и комуникации.

Овогодинешната тема на Европската недела на одржлива енергија е: „Одење зелено и дигитално за енергетската транзиција на Европа“, а истата опфаќа шест тематски групи и приоритети: планот REPowerEU, претставен од Комисијата во мај 2022 година, дигитализацијата на енергетскиот систем на ЕУ, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, потрошувачите и фер енергетска транзиција и декарбонизација.

Конференцијата ја отвори комесарот за енергетика, Кадри Симсон, заедно со високи говорници од чешкото претседателство со Советот, Европскиот парламент и украинското Министерство за енергетика. Во контекст на Европската година на младите, Европскиот ден на енергијата на младите ќе им даде шанса на младите учесници да разговараат со комесарот Симсон кои активности мора да се преземат за да се обезбеди одржлива енергетска иднина. На сесиите за политики ќе има широк спектар на говорници од различно потекло, вклучувајќи креатори на политики, претставници на проекти, локални или национални власти, компании, групи на граѓани итн.

Со оглед на тоа дека главната цел на проектот БЕНЕФИТ е да се зајакнат капацитетите на јавните власти за планирање на енергетска ефикасност за надградба на енергетските перформанси на јавните згради, како и да се зголеми свеста за поширокото општество за придобивките од енергетската ефикасност самата посета на Генералниот Директорат за енергија е со фокус на енергетската ефикасност како и можностите за финансирање на проекти од таа област.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани