АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се одржа 11 традиционален меморијален марш „Бранители 2022“ во организација на Полицискиот спортски планинарски клуб „7-ми Мај„ од Битола. Група од триесетина планинари во чест на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година денес по лоши временски услови се искачија на врвот Вртешка на 2010 мнв на Баба Планина. Од овој врв вообичаено се протега прекрасна глетка кон Битола, Преспанското Езеро и околните планини и врвови. Но, кога планинарите се искачиија на врвот времето не им беше наклонето, поточно силно вренеше дожд, па затоа фотогрграфиите што ни ги испратија се од искачувањето и од мансатиорот Св. Спас, Маловишта. Планинарите рекоа дека маршот го посевтуваат на сите македонски загинати бранители пред 21 година.