АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од последната трка во Романија , со која завршува Bmu European Championship за оваа сезона, Кико се враќа со четврто освоено место.
“Ја затвораме сезоната на меѓународни натпревари. И ја ставам Македонија во најсилната класа од шампионатот, со високо 2 место како краен резултат. Без поддршка на мојот менаџер, моите спонзори кои веруваа од старт во мене и во моето семејство, овој успех немаше да биде реалност. Овој пласман го посветувам на сите мои фанови кои ми пишуваат, ме бодрат на трките и го сакаат овој спорт. Ова беше сезона на исклучително силна конкуренција и мора да бидам искрен и да кажам дека беше преголем залак за мене. Но, кога нешто се сака, границите се преминуваат со напор кој некогаш се граничи со невозможно. Се гледаме во Смолево, Битола на последната трка од македонскиот шампионат овој ноември” - изјави Кико.
Поинаку проектираше и изработи метално корито за од камионот кој го бери ѓубрето низ градот да не течат отпадни течности низ улиците. Од Поинаку на социјалните мережи се пофалија дека решението кое го понудииле и не било прифатено од директорите во изминатите години од Комуналец, решиле сами да го направат, на нивен трошок за помалку од 10 дена.
„Се работи за корито кое е заварено на шасијата на камионот кое ќе ги собира отпадните течности и има чеп од кој подоцна можи да се празни. Снимавме, сликавме и повеќе пати посочивме на кој начин можи да се реши ова ама... џабе. Од лани единствено криви за течењето на камионите се Чулако и Поинаку. Еве да знаат битолчани дека решението кое го понудивме го направивме на наш трошок“, пишува на ДБ профилот на Поинаку.
Како и тоа дека:
*Идеа - Ivan Culakoski
*Скица - Чулакоски
*Изработка - битолски мајстор
*Транспорт до Комуналец - Чулакоски, Адемоски , Драган Тасевски
*Заварување - Мајстори од Комуналец
*Тестирање –Поинаку
*Ден на монтажа - Сабота, неработен ден
„Ова е само пример на еден од камионите и истото или слично треба и мора да се направи на сите камиони од страна на Комуналец. Со оглед на тоа дека ја имаат целата потребна поддршка, очекуваме дека јавното претпријатие ќе ги среди и другите камиони.
Денес наидовме на соработка кај вработените во Комуналец, се надеваме дека истата ќе продолжи до конечно решавање на овој, но и на останати проблеми во градот“, ибјавија од Поинаку на ФБ.
О Г Л А С
За прибирање на ПОНУДИ за свежо свинско месо
Здружението на пензионери Битола ги повикува заинтересираните производители и дистрибутери на свежо свинско месо да достават понуди за свински половинки (одрани без кожа со половина глава со тежина од 25-35 кг.). Свињите да се од домашно производство, да потекнуваат од една фарма, со што ќе се обезбеди едноличен квалитет. Доставувачите на понудата треба да имаат и продавница за месо преку која ќе се врши дистрибуирањето на свинските половинки.
Секој понудувач треба да достави писмен доказ дека поседува продавница за месо, а при испораката на свинските полутки да се придржува кон сите мерки и протоколи пропишани од здраствените органи предвидени за испорака на ваков вид на производи.
При изборот на најповолна понуда Комисијата ќе ја зема во предвид цената и квалитетот на месото.
Понудите да бидат доставени до Здружението на пензионери Битола, во затворен плик со назнака ПОНУДА (по пошта или лично на рака) на следната адреса Здружение на пензионери Битола ул. „Булевар 1 ви Мај бр. 268“ Битола или на п.фах 109, најдоцна до 04.11.2022 год.
Огласот трае 5 дена од објавувањето т.е од 31.10.2022 до 04.11. 2022год.
Битола 28.10.2022 год.
Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија од Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, со голема завршна конференција на која се сретнаа најдобрите експерти во областа, го заокружи двегодишниот проект кој го лоцира институтот на меѓународен план, како реномирана институција на ова поле.
Проектот започна во 2020 година и беше поддржан од програмата на Генералниот директорат на Европската цивилна заштита и операции за хуманитарна помош, DG – ECHO при Европската комисија. Во проектот покрај ИЗИИС учествуваа и Центарот за управување со кризи од Скопје, EUCENTRE од Павиа, Италија, Универзитетот Аристотел од Солун, Политехничкиот Универзитет од Тирана.
„Во овој меѓународен проект ИЗИИС беше координатор, привилегија која е реткост за македонски институции во меѓународни проекти финансирани од Европската Унија. Секако тоа носи и голема одговорност во целиот процес: од подготовка на предлог-проектот, аплицирање, преговарање, менаџирање и навремена реализација на сите планирани активности. Проектот се реализираше во периодот 2020 - 2022 г. Реномирани домашни и странски експерти од нашите области две години работеа на истражувања кои ќе имаат примена во пракса преку Центрите за управување со кризи. Ова само ќе покаже, дека научните достигнувања треба и мора да имаат примена во правец на изградба на општество отпорно на катастрофи – resilient society. Високото реноме на меѓународен план како и општествената одговорност на ИЗИИС, уште еднаш се потврдуваат на дело со овој проект на кој сме особено горди„ - истакна проф. д-р Влатко Шешов, директор на ИЗИИС.
Конференцијата имаше дводневна агенда, при што првиот ден во Скопје, во просториите на ИЗИИС врвни европски експерти говореа и за свои искуства, но и како да се постигне добра координирана регионална и меѓународна соработка, која ќе ги вклучи современите научни сознанија од областа на менаџирање ризици од природни катастрофи.
„Европскиот континент има историја на природни катастрофи: земјотреси, поплави, лизгање на земјишта, суши, екстремни температури, шумски пожари и бури кои предизвикуваат големи економски, социјални и еколошки последици и влијаат врз благосостојбата на луѓето и општеството на подолг временски период. Овие природни катастрофи, неретко го надминуваат капацитетот на една држава за управување со вонредна ситуација после природна катастрофа и ја нагласуваат потребата од меѓудржавна и регионална соработка.
Проектот CRISIS има за цел подобрување на управувањето со последиците од природни катастрофи преку изградба на усогласен и ефикасен систем за процена на ризикот на виталните објекти и транспортната инфраструктура во пограничниот регион на Македонија, Грција и Албанија.
Регионот предложен за погранична соработка всушност го претставува централниот дел од Балканскиот Полуостров кој има за жал „добра“ историја на сеизмички настани како и појави на геотехнички нестабилности поточно лизгање на земјиштето. Доказ за интензивната сеизмичка активност во овој регион се земјотресите со магнитуда поголема од шест (M > 6). Лизгањето на земјиштето во регионот е исто така хазард со добропозната историја, чија појава предизвикува сериозни штети на инфраструктурата. Наглото топење на снежните покривки, обилните и долготрајни дождови, неконтролираното сечење на шумите, земјотресите, придонесуваат кон зголемен потенцијал за појава на нестабилности кај природните косини, но и кај „вештачките“ незаштитени косини. Само во последниве неколку години сведоци сме за целосен или за делумен прекин на сообраќајот на повеќе патни правци во овој регион, токму поради појава на нестабилности на косините (лизгање на земјиште, одрони и сл.). Сеизмичкиот и геотехничкиот хазард во проектот се идентификувани како едни од клучните природни хазарди кои имаат потенцијал да предизвикаат значителни проблеми и штети во овие погранични региони и поради тоа се јавува потребата од организирање на системите на начин кој ќе овозможи ефикасно и навремено справување со ризиците на објектите од виталните сервиси (болници, училишта) и транспортната инфраструктура (мостови)„ - беа дел од заклучоците на конференцијата.
Вториот ден, учесниците беа во посета на Битола и ги реализираа средби со локалните партнери каде се презентира како проектот CRISIS обезбедува солидна основа за развој на кооперативен приод кон превенција и подготвеност во управување со катастрофи во пограничните региони на соседните земји лоцирани во регионот на Западен Балкан. Во рамките на проектот, дефиниран е сеопфатен модел на изложеност кој е заснован на идентификуваните релевантни добра поврзани со виталните објекти и транспортната инфраструктура изложени на природни хазарди релевантни за регионот од интерес. За ефективното управување со вонредни ситуации направена е и веб-платформа која ќе ги обединува природните хазарди, моделот на изложеност, како и анализата на различни сценарија на ризик. Развиената методологија и веб-платформа претставуваат солидна основа за постигнување одржливост во однос на креирање мрежа од компетентни тела и развој на планови за управување со ризикот во пограничните региони.
Постигнувањето на горенаведените резултати ќе ги промени и подобри условите под кои, во моментов, државните органи донесуваат одлуки, како на пример министерства, институции кои управуваат со кризи, здравствени власти и агенции задолжени за безбедност на транспортните системи. Тие институции во процесот на донесување одлуки ќе добијат релевантна информација за ризикот од соодветниот природен хазард и ќе ги предвидат можните загуби за да извршат оптимизација на ресурси и да дефинираат приоритетни дејства. CRISIS ќе ги обезбеди неопходните алатки за локалните и регионалните тела за оцена на ризикот поврзан со виталните сервиси и критичната инфраструктура.