АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Македонските гастарбајтери, брачниот пар Стево и Данка Ризновски, по 50 години работа во Германија, се вратија во родното село Могила за да гласаат на претседателските избори. И по петдецениски престој во Германија, не извадиле германски пасош, туку ги задржале само македонските патни исправи.
До 10 часот во Битола на гласање излегле 9,35 проценти од гласачите, што е за нецел процент повеќе од излезноста во првиот круг кога до 10 часот претпладне изнесуваше 8,80 проценти. Сепак, со оваа излезност Битола се доближува до општина Новаци, која пак беше лидер во излезност во првиот круг. Во Новаци до 10 часот гласале околу 10 проценти од гласачите, што според ОИК е на истото ниво како и во првиот круг.
Во општина Могила излезноста е зголемена околу процент и половина. До десет часот денес гласале 6,02 проценти, а во првиот круг до истото време 4,6 проценти од гласачите.
Во седум часот утрово на време беа отворени сите гласачки места во Битола. Гласањето се одвива без проблеми. На 169 избирачки места право на глас имаат 81 738 гласачи.
По повод Денот на полицијата и безбедноста 7-ми мај, Полициско спортскиот планинарски клуб
„7-ми Мај“ од Битола го организира осмиот традиционален планинарски марш „Смилево 2019“.
Маршот ќе се изведе оваа недела од шест часот наутро до 16 часот попладне, на релација Битола – превој Ѓавато(Дервен) – пл.врв Пирамида – чешма Горановец- с.Смилево – Битола.
Собирањето на учесниците на маршот е во времето од 06.оо до 06.15 часот кај фонтаната пред СВР Битола и превезување на истите со автобус до превој Ѓавато (Дервен).Стартот на маршот е во 07.оо час. Враќањето од Смилево до Битола е предвидено во 16.00 час.
Од страна на организаторот е обезбеден ручек во село Смилево.
Од ПСПК „7-ми Мај“ порачуваат сите учесници на маршот да бидат во добра психофизичка кондиција. Задолжително е користење на планинарска опрема и облека, задолжително и облека против дожд. Патеката е средно тешка, маркирана и во должина од 18 километри.
Седми мај се слави како Ден на полицијата зашто на овој ден на Смилевскиот конгрес во 1903 година биле формирани и првите полициски чети за обезбедување конгресот.
Со свечена детска академија учениците од трето в одделение од Основното училиште „Елпида Караманди“ одбележаа 77 години од херојската смрт на партизаните од народноослободителниот одредот „Пелистер“. Свечената академија ја одржаа на оворено на плоштадот „Магнолија“, а содржината под водство на наставничката Фачне Јошевска ја подготвуваа три месеци.
21 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама ќе се одржи годинава од 9 до 13 мај во Битола, иако Министерството за култура не им даде ни денар. Центарот за култура предводен од директорката Маја Андоновска Илијевски заедно со вработените потпирајќи се на средства на институцијата, финансиска помош од Општината, јавни претпријатија, фирми, па и индивидуалци од градот решија да не се откажат од фестивалот.
СВР Битола во соработка со Центраот за социјални работи и Црвениот крст денес организираше предавање „Безбедни на интернет“ за ученици од основните училишта.
„Додовме до созанние дека нагло е зголемен сајбер булингот или психичкото малтретирање кај децата додека користат интерент. Децата како најмала група се вовлекуваат во некои страници кои не се за нив и се малтретирани на некој начин. Добиени се и сознанија дека се премолчуваат некои работи. Сакавме во делот на превенцијата да им укажеме кои се постапките, со кои треба да комунициираат и каде да пријавуваат“, рече началникот на Отсекот за превенција при СВР Битола , Сашо Гилевски.
За жал, уште мал е бројот на вакви пријавени настани од страна на родители, за што Гилевски вели дека уште не се одважуваат да пријават. Но, додава дека СВР презема перманентно мерки и ги следи состојбите, а сорботува и со Центраот за социјални работи.
За игрите „Момо“ и „Синиот кит“ за кои се крена голема прашина дека ученици од Битола се самоповредувале рече дека целата ситуација била медиумски преувеличена.
„Таа интернет игра беше повеќе новинарски накрената, извршени се секакви проверки, многу разговори, имаше пријава, но се беше некако зголемено, немаше никакви проблеми околу игрите Момо или Синиот кит. Тие игри го има кај нас, но не се многу навлезени во интернет посетите на нашите деца“, рече Гилевски.
Сепак, од СВР аплеираа родителите да внимаваат што содржини следат нивните деца на интернет.
„Од Отсекот за превенција при СВР преку одржани низа предавања во основните и средните училишта дојдовме до сознанија дека на интернет мрежите постојат игри кои се опасни и со ризик по здравјето на децата, затоа покренавме иницијатива да ја подигнеме свеста кај родителите и децата да им укажиме на што треба да внимаваат“, рече Сања Стаматова, портпарол на Битолската полиција.
Психологот Сашо Кочанковски рече дека во пракса родители се почесто доаѓаат со жалба барајќи помош како да се надмине зависноста од интернет кај нивните деца.
„Проблемот е и од психолошки аспект голем зашто времето поминато на интернет го скусува времето за другите активности за учење, спиење, дружење, комуникација со семејствата, односно директната комуникација. Кај игрите е пропишано на која возраст треба да се користат, голем дел се за над 13 или 16 годишна возраст. Кај нас реалноста е поинакава и децата на било која возраст можат да пристапат. Тоа е одговорност на родителите, треба да ги следат и да можат да им помогнат пред да се развијат зависности“, рече Кочанковски.
Претераното користење интернет може да предизвика проблеми со спиењето, дебелина заради неактивноста, аксиозност , депресија и друго.
РЕК Битола започна со ремонтните активности предвидени за годинава. До средината на ноември ќе бидат направени редовни ремонти на Блок 1 и Блок 3 и капитален ремонт на Блок 2. Блок 1 ќе биде во ремонт до 3 јуни, по што следува ремонт на Блок 3 од 4 јуни до 7 јули. Осум години по модернизацијата, годинава капитален ремонт ќе биде изведен на Блок 2. Ремонтните активности на овој блок ќе траат од 15 август до 15 ноември.
Со Форум театар презентација насловена “Гласот на мојата генерација” група млади луѓе од Битола и Прилеп ги искажаа своите ставови и мислења по однос на различни предизвици со кои се соочуваат во своето секојдневие.
Презентацијата се реализира на 25 април во Паркот кај Саат кулата во Битола.
Преку Форум театар презентацијата беа претставени следните предизвици: неактивни и незаинтересирани млади луѓе да се вклучат во активности со кои би го дале својот придонес за заедницата во која живеат, проблемите на дискриминација и нетолеранција по различни основи и недостаток на спортски терени каде бесплатно може да се спортува, терени кои би биле достапни за младите со различна социјална позадина.
За време на презентацијата присутните гласно интервенираа давајќи алтернативни решенија на дадените проблеми, ги споделија своите мислења и ја збогатија презентацијата со свежа енергија која ни покажува дека младите луѓе без разлика на својата геогравска, етничка или социјална позадина треба и можат да интервенираат и да бараат решавање на предизвиците со кои секојдневно се соочуваат.
Презентацијата заврши со музичка изведба на композиција која ја подготвија самите учесници во процесот. Преку оваа композиција се испрати порака за активно вклучување на младите во процесите за надминување на негативните стереотипи, предрасудите и во процесите за градење на заедничко општество со подеднакви можности за сите.
Со овој настан започнуваме со одбележување и славење на Меѓународниот ден на џезот 30ти април и славејќи ја уметноста, ја истакнуваме неговата важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи мир, меѓукултурен дијалог, почитување на различностите, почитување на човековите права и достоинство, промоција на слободата на изразување и родовата еднаквост.
На оваа презентација претходеше тримесечен циклус на креативни работилници креирани во насока да поттикнат креативно и критичко рамислување кај учесниците со користење на Форум театар и Џез музика како алатки.
Проектот го имплементораат МИДС Битола во партнерство со Државното музичко училиште Битола.
Проектот Јас сум гласот на мојата генерација е поддржан од ЕУ во рамките на проектот Поделено минато - заедничка иднина.
Во манастирскиот храм „Свети Јован Претеча“ во Слепче се одржа честувување на Свети Кипријан Слепченски.