АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во седум часот утрово на време беа отворени сите гласачки места во Битола. Гласањето се одвива без проблеми. На 169 избирачки места право на глас имаат 81 738 гласачи.
Во текот на вчерашниот ден гласаа 87 болни и изнемоштени и 21 затвореник. На вториот круг од претседателските избори во Битола за да гласаат во домашни услови се пријавиле плус 41 болно и изнемоштено лице повеќе од првиот круг, соопшти Ѓуро Илиќ претседател на Општинската изборна комисија. .