2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Изминатите денови во Битола беше празник на музиката. Се одржа 4.Меѓународен натпревар по пијано „Пијанофест“ од 10 до 12 јуни во Офицерскиот Дом – Битола, во една од најубавите и најакустични сала во Македонија и пошироко. Во изминатите три денови настапија околку осумдесет учесници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Турција, Црна Гора и Бугарија.

Учесниците ги изведуваа композициите на прекрасното концертно пијано “Bosendorfer”, кое недоамна беше пренесено од битолскиот Завод и Музеј. Фестивалот започна со концертот на пијанистот Гоце Златев, а отворањето го поздрави градоначалникот Тони Коњановски.

.fest

На натпреварот беше доделена и парична награда за лауреатот со што се дава еден вид на поддршка на младите музички таленти кои само што зачекоруваат на музичките подиуми, а кои еден ден ќе бидат наша гордост и ќе не претставуваат во светот. Истата ја понесе Лара Арбајтер од Србија. 

Натпреварот беше во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози „Пијано“ од Битола, со поддршка од Министерството за култура и Општина Битола како и во соработка со ЈОУ. Културен и Информативен центар – Битола

„Секоја отсвирена нота изминативе три дена ќе остане еден спомен. Спомен кој што кога музиката ќе прекине, останува да живее во нашите срца. Од име на организацијата на “Пијанофест” се заблагодаруваме на нашата беспрекорна жири комисија, нашите поддржувачи, на Државното музичко училиште од Битола за соработката. Благодарност до сите натпреварувачи, професори, родители, пијанисти и педагози кои беа дел од оваа наша успешна приказна. Честитки за сите. Се гледаме повторно следната година“, истакнаа професорките Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска.

fest 2

Реномираната жири комисија оваа година беше во состав: Драгомир Братиќ (Србија ), Кристина Петролари Ласо ( Албанија ), Дино Имери ( Македонија ) и Лилјана Вукелија ( Србија ).

fest 3

fest 4

 

Советникот од ВМРО – ДПМНЕ, Михајло Вангелов, веднаш да си поднесе оставка од функцијата во Советот на Општина Битола и од работното место во Клиничката болница во Битола, побараа од СДСМ.

„Михајло Ванглов денес е обвинет за тешко кривично дело против здравјето на луѓето.

Основното јавно обвинителство против него поднесе обвинение за смртта на новороденчето во октомври 2019 година, заради несовесно постапување при укажување на лекарска помош. Лекар осомничен за несовесно работење повеќе не може да остане на своето работно место во Клиничката болница во Битола.Советник против кого обвинителството покрена обвинение за кривично дело не може да ги претставува битолчани во Советот на Општина Битола“, рече Андреј Стојановски, член на ИО на СДСМ Битола.

Тој ги упати и следните прашања: „Градоначалниче Коњановски, вие сте доктор и кој е вашиот коментар за обвинетиот колега лекар? Претседателке на Совет на Општина Битола вие сте и здраствен работник, па прашуваме дали ќе побарате оставка од вашиот советник и колега?„

Стојановски потсети дека Вангелов еднаш веќе беше осуден на осум месеци казна затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, но се спогоди со Обвинителството да не оди в затвор ако во период од три години не направи ново кривично дело.

Старо битолско евресјко семејство Исак кое денес живее во Америка донираше сто килограми материјал за чување и одржување на раритетниот фотографски материјал за битолските Евреи во Државниот архив- одделение Битола.

„Значајна донација која ќе биде од долгорочна помош во делот на чување и обраоботка на раритетен фотографски фонд кој се однесува на историјата на битолските Евреи. Донираа вредни материјали од специјални кутии, амбалажа, кошулки, бескиселинска хартија која не ги оштетува фотографиите и овозможува со понатамошното чување да бидат во кондиција за уште поголеми истражувања“, вели Ивана Хаџиевска, помлад соработник во Државен архив- одделение Битола, магистер на историски науки.

287607710 434270321539070 4290020556686367630 n

Џо Исак заедно со сопругата и двете деца го посетија Битолското одделение на Државниот архив. Џо, кој денес живее во Вашингтон, раскажа дека неговиот дедо ја напуштил Битола во 1903 година, а останатите челнови од семејството кои останале тука биле депортирани во озлогласените логори на смртта во Втората светска војна.

288149610 720872149252786 6163059764874606409 n

За соработката се залужни раководителот на Одделението во Битола, Гоце Стојановски и Димитар Ѓоргиевски , помлад соработник во истата институција.

На Балканските училишни спортски игри „Балканијада 2022“ кои се одржуваат во Охрид, учениците спортисти на Гимназијата ,,Јосип Броз Тито,, - Битола постигнаа одлични резултати екипно и поединечно, во силна конкуренција на осум репрезентации Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Република Српска, Република Косово, Бугарија и домаќинот Македонија, соопштија од училиштето.

Машката ракометна екипа на Битолската гимназија е нов балкански училишен шампион. Женската ракометна екипа, пак, го освои второто место и е нов балкански вицешампион.

288218034 443512267776602 2382692723234506683 n

Ученикот Даниел Зхоу Главевски, кој имаше настап и на Светските училишни спортски игри, е нов балкански училишен шампион во пинг понг. .

288399494 443512414443254 8643382564741335945 n

Ученичката Ана Марија Нечова како државен шампион во шах на Балканијадата го освои високото второ место.

288176626 443512347776594 2300619760551204224 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани