2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Со експерти од Солун се врашат конзерваторски истражувања на ѕидното сликарство во Курбиново

Јуни 14, 2022

Во моментот се вршат конзерваторските истражувања на ѕидното сликарство во црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново и тоа во соработка со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун, потврдија за Апла.мк од Завод и музеј-Битола.

„Врз основа на добиените резултати од истражувањата, ќе биде изработен, односно веќе се работи на конзерваторскиот проект, кој по неговото комплетирање, согласно македонската легислатива, ќе биде испратен на стручна контрола во Националниот конзерваторски центар во Скопје. Комисијата за стручна контрола, како и за секој друг проект, ја формира, Националниот конзерваторски центар, по доставувањето на конзерваторскиот проект“, вели Мери Стојанова, директор на Завод и музеј-Битола.

Доколку биде дадено позитивното стручното мислење, потоа од страна на Управата за заштита на културно наследство треба да биде издадено конзерваторско одобрение. Во случај да има забелешки или потреба од некакви дополнувања тие ќе треба да се вметнат или коригираат во проектот.

Во моментот се работи и на конзервација на архитектурата на црквата „Св. Ѓорѓи“. Овој проект започна со реализација минатата година и сега се продолжуваат конзерваторските зафати.

„Се изврши инјектирање на ѕидовите во внатрешниот дел на објектот, беа реализирани други зафати од помал обем, а сега се вршат подготовките за интервенции на кровната конструкција, а потоа и други зафати согласно одобрениот конзерваторски проект“, додава Сројанова.

Во рамките на конзерваторските истражувања, ќе бидат земени во предвид резултатите од претходните конзерваторски истражувања, но во согласност со најновата одобрена програма за овој конзерваторски проект се вршат и нови бројни истражувања и анализи кои ќе придонесат кон предлагање на најсоодветни конзерваторски интервенции, кои ќе бидат изложени во самиот конзерваторски проект. 

Фреската на светецот Архангел Гаврил – „Ангелот од Курбиново“ е ставен на Привремената листа за културно наследство на УНЕСКО. Црквата „Св. Ѓорѓи“ претставува еден од најзначајните споменици од периодот на византиска Македонија. Во 2020 беше прогласена за културно наследство во опасност, откако ѕидовите на некои места распукаа, а фреските пожолтеа, меѓу кои и ангелот на благовестието Гаврил, кој е мотив и на банкнотата од 50 денари..

Жителите на Ресен се надеваат дека наскоро ќе се реставрира и конзервира црквата и ѕидното сликарство и ќе се прекине долгогодишната пракса реставрацијата да биде заглавена во административни постапки.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани