АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Чадот и лошата миризба на изгорено кои утрово се проширија низ делови од Битола најверојатно беа последица на горење на дива депонија на излезот на градот, после Светонеделските гробишта по улицата Прилепска.
Од снимениот материјал на Платформата „Земи здив“ може да се види како чади депонијата после пожар, како и тоа дека е прилично голема. Не се знае што го предизвикало пожарот.
Започна монтажата на нов систем за греење наменет за Управната зграда на ЈП „Пазари“ Битола. Склучен е договор за управната зграда, во вредност од 300.000 денари. На овој начин, раководството на Јавното претпријатие очекува во управната зграда на ова Јавно претпријатие веќе од оваа грејна сезона, да ги почувствува бенефитите во однос на економичност и заштита на животната средина.
Претседателот на ПСК „Пелистер“ Димче Попов за Апла.мк изјави дека му стигнало решението од Општина Битола со кое е промента сопственоста на планинарскиот дом „Копанки“ и дека го препратил до Претседателството на Здружението за да го разгледаат детално и да видат што можат да преземат.
„Во која било држава од оние кон кои се стремите да стигнеме, некое планинарско друштво да изразеше желба да гради објект ќе му помогнеа, само кај нас нѐ стопираат. Ова што го правевме беше за општо добро и подобро ќе беше да не викнеа и да ни кажеа зошто не стопрират околу вака да добиваме решенија“, рече Попов.
Битолчани кои живеат на Бајрот, позади Уредот, во близина на Хајдар Кади Џамија и Ушици утрово околу шест часот се разбудија со лоша миризба на изгорено.
Продолжува обновата на планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер. Денес дел од градежните материјали беа пренесени со жичницата, која е во сопственост на Планинарско-спорскиот клуб „Пелистер“, но е дадена на стопанисување на хотелот „Молика“. На Копанки се собраа членови на ПСК „Пелистер“, други планинари и волонтери кои помогнаа во денешната акција. Обновата започна уште минатата година со донации од граѓани, а веќе е ставена плоча на дел од првиот кат. Од клубот велат дека акцијата за изградба на домот ќе продолжи во текот на оваа градежна сезона.
Внимаваме да не создадеме состојба во која сите ќе гледаат можност да заработат повеќе од државата отколку од она што е на пазарот, изјави министерот за земјоделство Трајан Димковски запрашан дали државата годинава ќе воведува мерки за заштита на домашното поизводство на жито.
„Цената на житото се движи повеќе од 10 денари и очекуваме да биде подобра од лани, но тоа зависи и од квалитетот на самата пченица, договорните услови и видот на производството. Земјоделците со поголеми количини се во подобра позиција да преговараат за цена, малите земјоделци имаат проблем со складирањето и се принудени од нива да го продадат родот. Во исто време правиме еден план како и минатата година преку Агенцијата за стокови резерви да се овозможи набавка од домашна печеница. Но, кога разговараме за вакви мерки мора многу внимателно да се пристапи, сепак разговараме за трошење на пари на граѓаните, но и внимаваме да не создадеме една состојба во која сите ќе гледаат да имаат можност да заработат повеќе од државата отколку од она што е на пазарот. Оваа година ја следиме состојбата, досега немаше потреба од таква мерка, но се зависи од движењето на цените на пазарот. Сите се согласуваме дека земјоделците прозиведуваат за пазар, а не за да добијат субвенции“, рече Димковски.
Во петокот утрото во Рудникот Суводол во РЕК Битола изби пожар на трака за пренос на јаловина (земја), соопштија од АД Елекстрани на Северна Македонија. Во соопштението пишува дека причина за пожарот е пролизгување на погонски барабан на јаловинската станица ЕТО 3 преку која се врши пренос на ископаната земја. Во пожарот изгореа неколку десетици метри трака. Благодарение на брзата реакција на вработените, системот истиот ден беше пуштен во работа.
„Во сложениот систем на производство во РЕК Битола, вклучени се работници со подолг работен стаж и во многу мал дел новопримени лица. Во тек е постапка за утврдување на евентуален пропуст во работењето, по што ќе бидат преземени сите законски мерки доколку одговорност биде утврдена. Инаку, материјална штета по АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола во никој случај нема да биде предизвикана бидејќи траката е предмет на осигурување.
Во моментов не бил сакале да прејудицираме, меѓутоа долгогодишниот застој во набавка на нова опрема и ревитализирање на системите, на крајот го зема својот данок. Комбинатот ги вложува сите свои сили целосно да ги санира последиците од јавашлукот во минатото, за што потврда се производствените резултатите во првите пет месеци од годинава“, стои во соопштението на АД Елекстрани на Северна Македонија.
Децата од Битола некогаш со големо нетрпение чекаа да дојде Иванден, еден од големите христијански празници од летниот циклус кога се слави раѓањето на Свети Јован Крстител. Нетрпеливо чекаа зашто на тој празник адет беше да се организира детска маалска свадба, односно да се спроведи на дело обичајот Тајане-Бојане. Од дечињата во улицата се одбираа зет, невеста, свекрва, кум, девер и сватови. Се полнеше ѓумче со вода од три чешми зашто во тоа време сѐ уште функционираа малските чешми. Се закитуваше со цвеќиња. На главите на девојчињата се стваа венчиња од цвеќиња зашто со Иванден од памтивек биле поврзани верувања за моќта на цвеќињата.Секој се облекуваше согласно улогата што ја имаше.
Река Црна не носела секогаш поплави, туку и убави работи. Според едно од преданијата крај неа потекла и една од познатите македонски народни песни „Ја излези Ѓурѓо“ во која се воспеани војводата Јордан Пиперката и комитите како тргнуваат во Илинденскиот поход.