2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Како настанала песната „ Ја излези Ѓурѓо“ која и Амира Медунјанин ја испеа во Пула

Јули 06, 2019

Река Црна не носела секогаш поплави, туку и убави работи. Според едно од преданијата крај неа потекла и една од познатите македонски народни песни „Ја излези Ѓурѓо“ во која се воспеани војводата Јордан Пиперката и комитите како тргнуваат во Илинденскиот поход.

{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=fXR-4t7EBRc{/YouTube}

Малкумина знаат дека песната настанала како довикување на две другарки преку речната буица на Црна која го дели демирхисарското село Железнец на две страни. За потеклото на песната раскажува писателот и истражувач Ванѓелко Лозановски.

-Кога од горните демирхисарски села Велмевци, Големо и Мало Илино слегувале востаниците, во Железнец тоа било воодушевувачка глетка. За првпат виделе македонска војска вооружена со развиорени знамиња за борба против турската империја за слобода на Македонија. Востаниците биле гордост македонска. При нивната појава една од најубавите жени од Железнец и викнала на својата другарка која седела од другата страна на реката со силен глас „ја излези излези Ѓурго, ја излези сестро, да ги видиш комитите.“ Тој повик се претворил во мелодија која до денес се пее- вели Лозановски.

Според истражувањата на Лозановски песната била инспирирана од вистински настан во 1903 година. До денес, познато останало само едното име на девојката поради песната, а другото исчезнало од колективната меморија.

-Но, се раскажува дека девојката која го упатила повикот била љубител на востаниците, им носела храна и била во контакт со нив. Таа воодушевена ја повикала другарка ѝ , а тој повик не бил обичен, туку горделив повик за да ги види востаниците, знамето, војводата, македоснката војска која тргнала во Илиндекста епопеја за слобода- додава Лозановски.

За оваа народна песна постојат повеќе преданија. Така, во Бабино се раскажува дека Ѓурѓа живеела кај нив, а комитите биле собрани пред нејзината куќа. Кога се наредиле за поаѓање , братот на Ѓурѓа извикал да излези и да ги види комитите. Според тамошните раскажувања во песната се споменувал и братот на Ѓурѓа, Јаким Пармакот, но песната до денес се изменила и веќе не се споменува неговото име. „Ја излези Ѓурѓо“и денес е многу популарна во демирхисарско, кога и по еден век не само што се пее туку се раскажива за нејзиниот настанок.

Но, дека е популарна и многу пошироко доказ е изведбата на песната од страна на врвната вокалистка Амира Медунјанин со нејзиниот оркестар „Вечерња љубав“ во Арената во Пула, Хрватска.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани