АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолскиот валија Абдул Керим паша познат по тоа што ги градел Офицерскиот дом, па објектот каде подоцна бил сместен стариот битолски Народен театар и бројни други инфраструктурни зафати на крајот од 19 и почетокот на 20 век, муслиманското население го нарекувало “Ѓаур паша“, а христијанското „Мајче“.
Советот на Општина Битола донесе одлука за искористување на средства во висина од 7 милиони денари за изградба на пет нови улици во населеното место Долно Оризари, рече советникот од СДСМ Борче Корлевски на денешната прес конференција. Финансиските средства се обезбедени преку грантот за успешност на МСИП.
Не е искосена бујната вегетација која прекрива делови од Историската патека на Пелистер, пешачка зона која ги поврзува Инфо центарот сместен во Вилата на Лазо со месноста викана Бегова чешма. На делови бујната вегетација достигнува висина од две метри и ја има прекриено патеката, па таму е тешко поодна, посебно за мали деца.
Директорот на Националниот парк Амет Аџиу вели дека моменталната ситуација се должи на недостиг на работна сила. Имено, во моментот во посета на Пелистер се странски експерти вклучени во валоризација на паркот, па дел од вработените се ангажирани во тој процес. Директорот посочува дека ги искосиле ливадите кои се најпосетени од туристи преку лето, како Голема и Мала Ливада, излетничкото место Кај печурката и други локации кои се приоритетни. Аџиу додава дека за скоро време ќе се искоси и вегетација која покрива делови од Историската патека на Пелистер.
Битолската библиотека опреми катче каде читателите можат да остават предлози кои нови книги би сакале да ги позајмат и прочитаат.
Здружението на пезнионери од Битола заедно со Здружението на инвалитски пензионери и инвалиди на трудот од Битола почна со реконструкција на влезните скали кон Здруженијата кои беа руинирани. Сега се става и пристапна рампа за употреба од страна на лицата со посебни потреби. За изведување на работата беа добиени пет понуди, а според најповолна цена од страна на комисијата беше прифатена фирмата „Евро инженеринг“ од Битола. Согласно договорот со изведувачот, реконструктивните работи треба да завршат за еден месец.
Баирчани чекале да се стемне за баба Цена и Таца да излезат на улица, да седнат на камењата и да кажат што разбрале преку ден. И така до утредента слушнатото од уста на уста ќе се пренесело тебе- мене. Сабајле главна вест. И коментарите почнувале со браво за еди кој си оти сторил нешто или ја’зк за друг кој си оти не сторил нешто.
Битолчанката Марија Младеновска- Димитровска, магистер по психологија е единствената Македонка која учествува на еден од најголемите научни собири на психолози во светот, во прочуениот Московски државен универзитет Ломоносов. Вчера во „Кремљ палатата“ во Москва, која е една од најдобрите и најпрестижните театарски и концертни сали во Русија, пред околу 6.000 присутни, на спектакуларен начин свечено беше отворен 16 Eвропски конгрес за психологија.
Деновиве од печат ќе излезе новата туристичка мапа за Битола за сезоната 2019/2020. Ова е трето издание, првата мапа излезе пред три години, па најновата ќе биде многу побогата и посодржинска. Таа содржи брошура од 32 колор страни плус туристичка мапа печатена двострано во 15.000 примероци и што е најважно, ќе се дистрибуира бесплатно на 50 локации и тоа до мај идната година.
Во црквата „Света Троица“ позната уште и како Руска црква во Битола изложена е одеждата на светитетот Јован Шангајски чиј празник се одбележува денес. Во храмот има посебен дел посветен на светителот кој пред деведесетина години бил професор на битолската Богословија.