АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Здружението на пезнионери во Велес во петокот се одржа Регионална ревија на пеачки групи од југозападниот регион на Македонија на која меѓу 12 учесници се претстави и пеачката група „Сирма војвода“ која работи при Здружението на пензионери во Битола. Таа настапи со две песни и остави мошне добар впечаток за што на претседателот на Здружението на пензионери од Битола, Томе Димитровски, му беше дадена и посебна благодарница.
Се очекува Сирма војовода да земе учество и на Републичката смотра што ќе се одржи до крајот на годината во Скопје. Регионална смотра за скоро ќе биде организирана и во Битола.
Енергичниот настап на легендарната рок група „Психомодо поп“, сличен на оние од времето на поранешна Југославија, вчера ги воодушеви битолчани. Бендот предводен од харизматичниот фронтмен Давор Гобац покажа дека ни енергијата на бендот старее, нити пак нивните хитови кои вчера ги пееја од тинејџери до средовечни гости на концертот.
„До крајот на годината очекуваме да ја постигнеме и најголемата стратешка цел што ја имаме зацртано, полноправното наше членство во НАТО Алијансата. Процесот на ратификација на пристапните протоколи во сите членки оди со одлично темпо. Очекуваме уште 11 ратификации, останатите членки од 29 те тоа го завршија. Кај овие 11 постапката е или почната или е при крај. Дури и во државите кои имаат компликувани од техички аспект процедури внатрешно таа постапка е поодмината. Можеме и таму да очекуваме, а и се надевеме дека до 4 декември, до Самитот на НАТО закажан во Лондон , Велика Британија, да станеме и формално 30 членка на алијансата баш во годината кога НАТО слави 70 години од своето формирање, рече претседателот Стево Пендаровски во Битола.
Во присуство на претседателот на државата Стево Пендаровски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија генерал потполковник Васко Ѓурчиновски во Битола денес се одржа воена вежба „Одлучен удар“ во чии рамки битолчани имаа можност да се запознаат со дел од опремата, вооружувањето, војниците и старешините на Армијата.
Младиот битолски колекционер Филип Етмишовски за десет години успеа да собере безмалку 500 автограми од познати личности ширум светот. Во колекцијата има и потписи кои потешко се наоѓаат зашто му припаѓале на значајни државници кои денес се починати, а успеал да ги обезбеди од историски и други институти. Меѓу нив се автограмите на кои Филип е посебно горд, и тоа стари документи со потписи на кралот Александар Први Караѓорѓевиќ (убиен во Марсеј 1934), кнезот Павле, регент од Кралството на Југославија, Драгиша Цветковиќ потписник на Спогодбата Цветковиќ-Мачек и пристапот на Југославија кон Тројниот пакт, последниот претседател на СССР Михаил Горбачов, таткото на интернетот Винт Церф, последниот Далај Лама и други..
Една од значајните работи која го облагородува нашиот живот се луѓето кои ги среќаваме. Накои од нив остануваат цел живот, други се само минувачи низ него. Секој кој ,,влетал,, во него добил шанса да го менува нашиот живот преку добри или лоши заеднички искуства. Луѓето кои ги привлекуваме на нашето животно патување се само наши делови.
Еве едноставна вежба за разјаснување. Пример: помислете на тоа дека внатре во себе имате 6 делови. Три од нив кои ви се допаѓаат и три кои не ви се допаѓаат. Пример: ведра, позитивна, упорна и неодлучна, нетрпелива и понекогаш импулсивна. Тргнете од било кој и размислете која личност која ја познавате ја отсликуваа оваа ваша особина. Кога ќе ги пронајдете ќе забележите дека секој од нив на некој начин е поврзан со појавувањето или формирањето на таа особина кај Вас. Се додека не се усогласите со тој дел во себе, Вие ќе привлекувате луѓе кои ќе го отсликуваат тој ваш дел. Кога ќе ги задоволите потребите на тој дел тогаш или се разделувате со луѓето во вашиот живот или го подигнувате нивото на соработка една скала погоре.
Она на што реагираме кај другите, тоа се наши делови. Ако престанеме со осудување , поправка и критика и пристапиме со прифаќање и разбирање ќе видиме дека тоа ние го имаме во себе. Секој човек со кој имате интеракција ви зборува нешто за Вас. Тој е тука за ние да дознаеме како реагираме на нешто, колку сме спемни за нешто. Вашата реакција на другите луѓе ви покажува каде сте Вие, ви ги покажуваат вашите силни или слаби страни. Лелица Тодорович тоа го објаснува вака: ,, Доколку другата личност во Вас предизвика љубов, тоа ја огледа вашата способност да сакате. Доколку Вие во другата личност предизвикате љубов, во тоа се оглeда нејзината способност да сака. Доколку некој ви завидува, тоа ја отсликува неговата способност од завист.,,
Поентата е во тоа како ние реагираме на она што другата личност прави. Тоа е наше огледало и секогаш ја покажува моменталната состојба. Кога ние се менуваме во огледалото гледаме сосема нова слика-исти луѓе, исти ситуации кај вас предизвикуваат различна реакција.
Ако ова само ве заинтригра и сакате да дознаете нешто повеќе, може да присуствувате на некоја од Работилниците посветени на личен развој и НЛП или да закажете индивидуална средба. За било која информација пишувате на е mail: biljanagalovska@yahoo.com
Пишува: м-р Билјана Галовска, пред. на Бизнис Академија Смислевски, NLP master coach
За 952 лица имало повеќе умрени од родени лани Пелагонискиот Регион, покажуваат податоците МАКСтат базата на Државниот завод за статистика. Така, во 2018 година имало 1962 живородени бебиња, а мртовци 2914.
За десет години во Пелагонискиот Регион бројот на бебиња е намален за 474. Ако во 2018 година имало 1962 живородени бебиња, пред една деценија бројот изнесувал 2436. Во изминатата декада најмногу родени бебиња биле регистрирани во 2009 година дури 2627. Опаѓањето на наталитетот е континуиран процес низ годините зашто од една година во друга бројот на живородени опаѓа за околу стотина или нешто помалку.
Испраќањето картички по пошта се враќа во мода, барем кога се во прашање уметниците. Доказ за тоа е изложбата на поштенски мејл арт картички пред Јени Џамија во Битола, како дел од 18. издание на фестивалот „Битола отворен град“ во организација на МКЦ –Битола.
Златко Ќурчиевски, истакнат кадар на СДСМ, поранешен советник, а сегашен помошен директор за производство во РЕК е новиот претседател на Општинската организација на СДСМ ВО Битола. Од партијата и офицаијално го потврдија неговиот избор. Ќурчиевски за Апла.мк вели дека посветено со сите сили ќе работат на исполнување на дадените предизбодни ветувања.
Камерната опера од Битола , поставува темели на класично пеење во Ресен со првиот концерт на Мартин Димитриевски – баритон и младите оперски надежи Христијан Трајчевски - бас, Живе Мешуревски- баритон и Ангела Трајчевска- сопран како гости во домот за култура “Драги Тозија”- Ресен во пијано придружба на проф. Александра Јанковска.