АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
“Приказна за еден град” е насловот на годинашниот новогодишен џез концерт на Jazzna & Friends кој во Битола на 26 декември ги носи извонредните музичари Џон Илија Апелгрин, Оливер Јосифовски, Дамир Имери, Славчо Коцев, Ади Имери, Сенад Хусеин, Рики Трајановски и Демир Кантуровски кои заедно со вокалистката Јасна Димитровска ќе направат вистинска џез бајка од познати кавери изведени во џез манир. Каков ќе беше животот без џез, добро знаат љубителите на овој музички правец, а битолската публика уште на првиот ден од продажбата на билетите ја распродава големата сала на Центарот за култура во Битола. Оваа година концертот има и мисија преку музиката да направи спој со уметноста создадена од битолските ученици вклучени во треш челинџ акцијата “Мети си со класнето” создавајќи уметнички скулптури од смет кои ќе бидат изложени во фоајето на Центарот за култура пред почетокот на овој голем концерт. Битола со вакви извонредни музички настани покажува дека има можности и има публика еднаква на големите градови. Концертот е на 26 декември со почеток во 20.30 часот.
Општина Битола ја соопшти програмата за дочек на Нова година на плоштадот Магнолија
Недела 29.12.2019
10:50 – 11:20 – Детска театарска представа – Дружината на Лајко сезнајко и Дедо Мраз (Фото Пинк)
11:20 – 11:50 – Работилницата на Дедо Мраз ( Театар Дел Арте )
11:50 – 12:20 - Новогодишен детски,музичко – драмски Концерт ( Група Триангл)
12:20 – 12:50 - Дедо Мраз во трговски центар ((Драмско студио Арт Медиа)
12:50 – 13:30 – Детска театарска представа ,, Налутениот Дедо Мраз” (Солза и Смеа)
13:30 – 14: 00 – Театарска претстава ,, Новогодишни Случки “ (Театарска Школа Фабрика за мечти – Интимен театар )
14:00 – 14:30 - Новогодишна Сајбер збрка (Петар Спировски)
Новогодишна програма – вечерен дел :
Вторник 31.12.2019
21:00 – 21:45 - ДЈ Рикардо (музика и видео)
21:45 – 22:45 - Кон Тру ДЈ
22:45 – 23:30 - Фанк‘ Д Ап Бенд
23:30 – 01:00 - Зарина Првасевда
Шарматната и талентирана млада музичка ѕвезда Тамара Стојковска ќе биде дел од музичарите кои на најлудата ноќ во годината ќе ги забавуваат битолчани на плоштадот Магнолија. Апла.мк дознава дека пред настапот на глвната ѕвезда на вечерта, етномузичарката Зарина Првасевда, со музички нумери присутните битолчани на плоштада ќе ги забавува и Тамара Стојковска. На македонската јавност ѝ е позната по убавиот глас. Досега има снимено неколку забавни песни, а ја препеа и легендарната песна „Ако одам во Битола“ која на градот на конзулите и Македонија своевремено им ја подари композиторот и текстописец Петар Георгиев-Калица. Тамара за Нова година ќе настапи заедно со „Фанк‘ Д АпБенд“.
Ж.З.
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 58-години, осомничено дека сторило три продолжени кривични дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од чл.188 ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик.
Осомничениот, повеќе пати во текот на 2019 година, во семејниот дом во Битола извршил други полови дејствија врз неговите три деца, кои биле на возраст од 13, 8 и 6 години.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и на лицето му определи притвор во траење до 30 дена.
Незаобиколна вистина е тоа дека на никого не му е грижа за нас толку, колку што нам ни е грижа за самите себе......
На прагот сме на 2020 година. И можеби некои од Вас се прашуваат како да го остварат она што досега не успеале, а им е важно. Ако 2019 беше плодна ќе сакаме оваа да е уште повеќе, ако не беше баш нешто и ”планетите не ни беа наклонети” размислуваме што во оваа би можеле да правиме поинаку. Верувам дека меѓу Вас има многу кои сакаат моќен алат како тоа да го остварат. Ако е така прочитајте до крај.
Во Неуролингвистичкото програмирање постои начин на кој се постауваат целите за истите да бидат остварливи. Има неколку чекори кои ако успешно ги следите, ќе ги поставите целите за наредната година, а со тоа се иницира можноста за оставрување. Првиот и најважен фактор е да ги поставите своите цели во пишана форма и тоа со рака. Постои неуролошка врска помеѓу пишувањето и нашиот ум. Целта треба да биде исклучиво ваша, не цел која некој сака Вие да ја остварите (на пример желбата на родителите да завршите конкретен факултет кој Вие воопшто не го сакате). При тоа не треба да биде нешто што е лесно остварливо и треба само да дојде, треба да биде нешто кое за Вас е предизвикувачко, ја буди вашата страст и енергија и на самата помисла на крајниот резултат.
На старт одговорете на прашањето “Ако не постојат препреки и знаете дека 100% би успеале што е тоа што би започнале да го правите уште денес” ? Наведете нешто кое во Вас буди ентузијазам и чувство на радост кога во вашиот ум ја замислувате таа цел како оставрена и додека уживате во резултатот кој сте го постигнале. Мислете само на крајниот резултат: каде сте? што гледате?што слушате и чувствувате кога целта е остврена?
Потоа дефинирате ја целта така што на вашиот ум ќе му дадете информација дека е можно да се оствари, а важен фактор за тоа е да ја дефинирате во сегашно време како да е веќе остварена и тоа да биде направено во позитивен контекст. Пример: Ја држам дипломата во мои раце, уживам во мојот стан, раководител сум на .... и сл...... При тоа размислувајте каква одговорност имате кон остваувањето на оваа цел. Што е она што Вие можете да го направите со сигурност, а да правите чекор кон неа. Ако не ви изгледа возможно за една година, пет сигурно прават разлика. Но, ако не започнете денес ништо нема да направи разлика. Конкретизирајте што е тоа што сакате да го живеете, јасно, живописно и едноставно. Кој е крајниот резултат што ќе го добиете. На пример: размислуваме за деталите во нашиот стан, колку квадрати има, локацијата, погледот, боите и уживаме во менталната слика која е создадена во нашиот ум. Зошто? Затоа што нашиот ум не знае дали е тоа вистина или само наша замисла, а кога му даваме таква информација дека тоа го живееме како да е сега, се програмираме за успех и даваме погонско гориво за конкретна акција. Овде не не интересира прашањето ,,како,, затоа што тоа ќе не однесе само кај ограничувачките уверувања кои ги имаме околу остварувањето на целта. Наредниот чекор е да размислите за вашата екологија, односно што е она што ќе го добиете, а ќе го изгубите со остварувањето на целта. На пример, ако сакате одредена работна позиција и нејзиното остварување влије на вашиот семеен живот до таа мера да тој не постои или да се распадне поради тоа, прашајте се дали таа цел е вредна за цената која ќе ја платите? Потоа размислете како ќе знаете дека сте на патот на остварување на таа цел, кои назнаки треба да ги добивате чекорејќи натаму, а на крајот колку истата е предизвикувачка за Вас. Ако не е доволно предизвикувачка така што и самата помисла на нејзино остварување да ви буди страст, тогаш таа не е за Вас. Ако вашата цел треба да биде остварена од некој друг, тогаш таа не е ваша цел. Иако постојат субјекти кои треба да се дефинираат при остварувањето целта која ја посакувате, таа треба да е исклучиво ваша, како и одговорноста за нејзино остварување.
Непознат автор во една прилика напишал : “Не е важно од каде доаѓате, единствено што е навистина важно е каде одите”. Примарната разлика помеѓу оние со добар и оние со лош резултат е ориентираноста кон акција. Луѓето кои имаат исклучителни достигнувања се силно ориентирани кон акција. Ова се само насоки, а вредно е да напоменеме дека НЛП има мошне ефикасни стратегии за дефинирање и прогресирање во правец на остварување на целите.
Ако некој сака да ги дефинира своите цели и да сведочи на остварување на истите, а наидува на препреки, слободно нека ме контактира на мојот e mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Ви стојам на располагање како за вашите така и за дефинирање на целите на вашата организација.
Пишува: м-р Билјана Галовска НЛП тренер и коуч, предавач на Бизнис Академија Смилевски
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)
Ајде да говориме македонски јазик. Зошто? За да се преброиме колкумина од нас ја разбираат оваа реченица на Мисирков: „Јазикот јет средство, со које није познааме, шчо мислит, шчо осек’ат и шчо сакат нашијот собеседник.“ Јазикот, исто како говорењето е комплексна дејност којашто му се препишува на човечкиот род како резултат на еволутивен процес.
Ние, Македонците, некако слабо се разбираме на македонски јазик.
Каква е состојбата на македонскиот јазик, денес?
Сиромашна, со неискористен капацитет, ограничена ко кафанска тераса, патриоти кои името и јазикот не го даваат, а статусите по социјалните мрежи ги пишуваат со латинична поддршка. Националните установи каде е задолжителна употребата на нормираниот македонски јазик сѐ послабо го користат стандардниот македонски јазик, медиумите, особено интернет страниците се расадник за јазична некоректност. Особено ме погодува употребата на македонскиот јазик на театарската сцена, каде што преовладува дијалектниот говор и секојдневниот личен говор на актерот нелекториран, нелогични акцентски целости, скоро и да нема говорна артикулација, така што, често она што го говорат актерите на сцена им го кажуваат на сопствениот нос. Театарот како синкретична уметност е од огромна важност за општеството, ако се сеќавате на Војдан Чернодрински (1875- 1951), во неговите драми и во нивните изведби првпат отсечно прозвучи македонскиот јазик, јас би го нарекла тоа борба за слобода на говор на мајчинот јазик, не со оружје, туку родољубиво и истрајно со перо и со јасна мисла. Ме боли фактот дека во минатото секоја кирилична буква крваво се има изборено за својата форма во скоро сите временско општествени неприлики кон македонскиот јазик и идентитет, денес кога е заштитен со закон, неговата употреба на сите негови нивоа е сведена на тоа како не треба да се постапува со македонскиот јазик.
Медиумите се должни да го почитуваат македонски јазик, а тие што прават? Новинарството некогаш беше сериозен занает, мораше да се испече убаво за да се настапи во јавност, а сега, денес секој втор нешто пишува, објавува, креира јавно мислење без никакви компетенции за тоа, терминот новинар суштински се изедначи со држач за микрофон или диктафон. Е, не може да пишува секој и да пишува како сака, има правила, има норми, има цела наука – стилистика и не може да се биде новинар без јазична подлога, тоа е како да се облекуваат прво чевлите потоа чорапите. Има исклучоци, секоја чест, но од толку што се малку на број не може да се забележат во барата од новинарската калакурница.
Македонскиот јазик и политичката сцена. Да не беше толку трагично, ќе паѓав од смеа. Недостигаат ораторски вештини, недостига политички говор, па парламентот не е зелено пазарче и ќе се довикуваме, секој си го носи дијалектот од онаму од каде потекнува, убави се дијалектите, ама имаме стандарден македонски јазик којшто задолшително треба да се користи во националните установи. Јазикот којшто го говорат политичарите, иако му близок на народот воопшто не влева доверба кај него, затоа секој мисли дека може да биде политичар, можеби, што има за тоа, така изгледа.
Македонскиот јазик не е сиромашен јазик, туку неговите официјални говорители, веројатно се ограничени ко тераси. Има огромен фонд на зборови, кои се во пасивна употреба, а за тоа треба читање. Во државава во секое село има правни и јазични факултет, а државава се дави во неписменост и правно пропадна.
Време е македонскиот јазик да излезе од локално-балканските рамки и да се проучува од космополитска перспектива, затоа што претставува јазик што е издигнат на сите јазични нивоа, нормиран со закон, со говорители распространети на сите континенти. Јазикот е жива материја, да, ама нека се обликува природно, а не со силување.
(Авторот е книжевник)
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)
Здружението на пензионери под претседателство на Томе Димитровски на својата седница расправаше за активностите во изминатата година и донесе оценка дека се што беше планирано е исполнето, со исклучок на снабдувањето со дрва за пензионерите бидејќи се појавија одредени тешкотии околу нивниот дотур, не по вина на Пензионерската организација туку поради одредени проблеми во фирмите кои што стопанисуваа со дрвата. Се донесе заклучок и во следната година пензионерите преку својата асоцијација да се снабдуваат со дрва, но Извршниот одбор ќе се заложи да бидат потпишани прецизни договори за навремено снабдување на пензионерите со дрва.
Исто така, беше усвоена и програмата за работа во следната година која предвидува поактивно вклучување на поголем број пензионери во телата и асоцијациите на здружението.
Наскоро се очекува да биде предаден во употреба клубот на пензионери, за што неодамна се купи простор за потребите на членството, а се наоѓа во приземјето на зградата каде е сместено Здружението на пензионери.
Следната година ќе се води сметка исто така за економично работење и за доделување на хуманитарни средства за пензионери и социјално загрозени лица. За Новата година на децата со посебни потреби од името на Здружението, во училиштето „Ѓорги Сугарев“ ќе им бидат доделени новогодишни пакетчиња.
Ротари клубот од Битола донираше неуробиофидбек апарат на Одделението за ментално здравје за деца и млади при ЈЗУ Клиничка болница Битола. За првпат се набавува ваков апарат, а здравствената услуга ќе биде фондовски покриена. Ќе се користи за третмани на когнитивните способности кај децата, но дава можности за третман и на многу анксиозно фобични болести, стравови, депресија, подобрување на мозочните способности по преживеани инциденти и трауми.
„ Апарат ЕЕГ дигитракнеурофидбек од полски производител, триканален, најнова верзија. Со овој апарат се осовременува третманот на децата со атипичен и типичен развој во нашата болница, покронкретно во Одделението за ментално здравје. Неуробиофидбекот е метода која ги подобрува когнитивните, професионалните и личните перформанси кај пацинетите. Најголем придонес има во подобрување на когнитивните способности, меморија, учење, мотивација посебно кај децата со невро-развојни нарушувања, односно аутизам, ментална попреченост , деца со хиперактивно растројство. Потоа служи и за третман на јазично –говорни проблеми“, рече Билјана Гагачовска специјалист психијатар, раководител на Оделение за ментално здравје на деца и млади при Битолската болница.
Ова е уште една донација на Ротари клубот од Битола, кој и претходни пати имал хумани донации во Битолската болница.
„ Овој парат ќе помогнеме на одредена категоријан деца со попречен развој во унапредување на нивното здравје. Ротари клубот континуирано помага во општеството со одредени донации и прокети од најразличен тип, дали од медицина, образование, мир, во рамки на нашите можности. Сметаме дека оваа активност нема цена“, рече Васко Талевски од Ротари клубот –Битола.
Ж.Здравковска