2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Основното училиште „Стив Наумов“ од Битола изработи проект за почист воздух во училницата, гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола истражуваше дали има тешки метали во почвата во Битолско, училиштето „Димитар Влахов“ од Струмица направи филтер со зеолит кој ги прочистува издувните гасови од автомобилите, а ОУ „Манчук Матак“ од Кривогаштани прочистителна станица преку која отпадните води ќе можат прочистени да се користат во земјоделието.

Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ" во соработка со Центарот за култура во Битола, организираат Божиќен и Новогодишен концерт, со настап на машкиот вокален состав Подворје од Каштел Сучурац, Хрватска.

Концертот ќе се одржи во петок, 13-ти декември, со почеток од 19.30 часот, во Малата сала на Центарот за култура во Битола.

Секоја година божиќните концерти на Хрватскиот културен центар се вистински предновогодишен подарок за битолската публика, но и гостите кои доаѓаат од другите македонски градови, но и надвор од државата, преку хрватската музика да се ужива во една предновогодишна магија во срцето на Битола.

Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“, секоја година традиционално го одбележува Божиќ, со гостување на ансамбли и групи од градови од Хрватска или места на Балканот, каде дејствуваат хрватски здруженија. Културните гостувања и соработки траат долги години колку што постои и друштвото „Марко Марулиќ“, се со цел презентирање и запознавање на македонската јавност со богатата хрватска култура и традиција. Изминатите години во текот на своето 25 годишно постоење, ова здружение организираше многубројни гостувања како на хрватски здруженија, ансамбли и уметници во Битола, така и на македонски театри, уметници, ансамбли во Хрватска. 

Во понеделник во Бар чаршија со почеток од 17,30 до 19,30 часот ќе се одржи размена на книги и книжевни муабети.

„Време е за зимска размена на книги и книжевна дружба со убави луге, книги и книжевни муабети. Сите љубители на книгата се добредојдени. Понесете ги книгите што сте ги прочитале, а сепак знаете дека повеќе нема да ги читате. Имате можност да се размените со читател кој ќе ви даде книга што не сте ја прочитале. Но најважно од се е дружбата, позитивните луѓе и пријатната атмосфера која кружи наоколу“, велат организаторите.

Ж.Здравковска

Битолската полиција ги известува граѓаните и правните субјекти во подрачјата под надлежност на СВР-Битола дека е забранета и казнива дистрибуцијата и продажбата на петарди и други пиротехнички материјали. За ова кривично дело се предвидени парични казни и казна затвор до три години.

„Исто така се предупредуваат граѓаните дека со употреба на петарди и други пиротехнички средства можат да предизвикаат опасност од самоповредување и повредување на други лица и тоа повреди на екстремитети,губење вид и сл., а со нивна употреба на јавно место го загрозуваат мирот и безбедноста на останатите граѓани. За прекршителите предвидени се парични казни во противвредност од 200-500 евра,а за родителите чии деца вршат прекршоци од овој вид,заради занемарување и негрижа предвидени се глоби од 600 до 800 евра во противвредност“, соопшти Сања Стаматова, портпарол на Битолската полиција.

СВР-Битола ќе презема континуирани,редовни, но и зајакнати акциски контроли заради откривање и санкционирање на лица и правни субјекти кои ќе постапуваат спротивно на законските одредби.

Од страна на домашните менаџери во дел од компаниите со странски капитал во земјава се врши голем притисок врз работниците синдикално да не се здружуваат, а голем удел во ова имаат и некои државни трудови инспектори кои не се на ниво на задачата, рече Слободан Трендафилов од Сојузот на синдикати на Македонија на денешната јавна дискусија „Синдикално здружување во приватниот сектор“ во организација на МКЦ-Битола.

Да се укине фејсбукот за жените да не можат да се прегледуваат една со друга, предложил жител од пелагониското село Долно Агларци во анкетен прашалник за руралната жена како да стане успешен претприемач без стереотипи и предрасури. Истражувањето го спроведуваше Здружението „Зелена берза“ од Битола во проект финансиран од Фондацијата Отворено општество, а со цел да се намдминат стреотипоте кои се дискриминаторски кон жените. Беа анкетирани 350 жени и мажи од повеќе села во општините Новаци, Могила Крушево и Битола.

Во просториите на СВР Битола денеска беше одбележан Денот на превенцијата во полицијата 9 –ти декември. Во склоп на одбележувањето на дечињата од градинките, основните училишта, учениците од сообраќајните единици од основните и средните училишта, на претставниците од Црвениот Крст, Општината, невладините организации, Општинскиот и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, од страна на Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Битола, им беше презентирана дел од опремата и возилата со кои располага полицијата.

Постои ли судбина? Дали ние сме одговорни за сѐ што се случува во нашиот живот или постои нешто што е однапред определено? Овие прашања се поставувале и се уште ќе се поставуваат кај секого од нас.

Планираме нешто, правиме се да се оствари...и нема да излезе по нашиот план, сакаме да речеме дека е судбина. Судбина значи да постанете свесни дека неможете да го избегнете она што е предвидено за Вас, но и не може да ве снајде она што е предвидено да Ве заобиколи. Сепак и тој одговор е во ваши раце.

Должни сме кога сакаме нешто и за тоа нешто сме спремни да ја платиме цената, да направиме сѐ што е во наша моќ тоа да се реализира во нашиот живот. Кога и покрај сите наши напори тоа не се случува, треба да веруваме во процесот на живот и да бидеме мирни што не се остварува нашиот план. Само кога ќе преземете сѐ што е потребно, а одредена врата останува затворена треба да верувате дека тоа е за ваше добро и да не тропате повеќе таму, иако не знаете како може да е добро за Вас.

Понекогаш се однесуваме како ,,Алиса во земјата на чудата“. Не знаеме дали сонуваме, се чувствуваме мали, преголеми, изгубени и остававме нешто да не води. Ако се пробудиме ќе сфатиме дека постои причина зошто сме таму некаде каде што сме и прифакајќи го тоа можеме да стигнеме каде што сакаме. На тој пат можеби некогаш ќе треба да се откажеме од тропањето по вратите кои не ни се отвараат. Секогаш постои причина зошто е тоа така.

Една приказна која ја прочитав пред неколку месеци вели:

  • Еден крал имал советник кој секогаш му велел: „Никогаш не знаеш зошто е нешто добро”. Тоа веќе почнало да му оди на нерви на кралот, но некое време му гледал низ прсти. Еден ден кога отишле на лов, кралот пукал од пушка која не била баш добро баждарена, и му се откинал прстот показалец. Сите присутни околу него почнале да лелекаат, додека советникот рекол: „Па, ваше височество никогаш не знаете зошто е тоа добро”. Кралот се налутил, наредил да го стават во самица сметајќи го за будала. Неколку месеци подоцна отишол на лов на некој остров на кој живееле човекојадци. Тие не воделе сметка кој е крал, а кој не е и секој ден печеле по еден туѓинец кој ќе го фателе на островот. Кога стигнале до кралот, го фатиле и сфатиле дека нема еден прст. По нивното верување тоа ним им носело лоша среќа, лоша карма. Главниот од племето им кажал да го носат одма од таму на сигурно, само да е подалеку од нив.

Кога стигнал во своето царство, кралот го викнал верниот слуга да му се извини и го прашал што сака. Тој му одговорил: „Никогаш не знаеме зошто е нешто добро, ако јас бев со Вас сигурно сега ќе бев кај човекојадците. Доволно е да знаеме дека се е онака како што треба да биде. Затоа сум и жив и сум среќен поради тоа. Воопшто не треба да ми се оддолжувате, Вие веќе ми го спасивте животот.”

Човек никогаш не знае зошто е нешто добро. Ако веруваме дека и лошите работи на долги стази се добри за нас, ние сме спремни да преземеме сѐ да го оствариме она што сакаме да го оствариме. Кога тоа не се остарува, треба да ја бараме мудроста во нас и да веруваме во процесот на живот. Некогаш нешто што не се случува, а сме направиле се, е нешто кое никогаш не треба да се случи за наше добро.

Ако не ви е сеуште јасно дали постои судбина, погледнете во себе. И онака одговорот е во ваши раце. Дали ќе направите сѐ нешто да се оствари или нема да направите ништо како изговор дека постои судбина е ,,за ваше добро“,.

Пишува м-р Билјана Галовска НЛП тренер и коуч, предавач на Бизнис Академија Смилевски – Битола, инфо: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани