АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Голем бор падна на пристапниот пат кон Детското одморалиште ,,Пелистер" и ги потисна жиците што пренесуваат електрична енергија. Одморалиштето веќе неколку години не е во функција и секој пат сликата од ова култно место е потажна.
По врвиците на некогашните комитски чети од Смилево, Полициско-спортскиот планинарски клуб „7 Мај“ го одржа 11 традиционален планинарски марш „Смилево 2022“. На него учествуваа 70 планинари кои испешачија 18 километри движејќи се по патеката на првите македонски стражи формирани за време на Смилевскиот конгрес во 1903 година. Токму од тој историски настан корени влечи и Денот на македонската полиција кога традиционално ПСПК „7 мај“ го одржува планинарскиот марш. Овој пат ја минаа релацијата од превојот Ѓавато до врвот Пирамида, па чешмата Гопеш се до село Смилево. За разлика од некои претходни маршеви минати во дожд, денес временските услови беа идеални, со сонце и малку ветер.
Ж.З.
„Веројатно една од причините за која треба гласно да говори Битола е токму патниот правец од Скопје до Битола што навистина е ѓаволски тешка работа. Се сеќавам на бројни министери за транспорт и врски кои најчесто доаѓаат од Прилеп и Битола, но патната инфраструктура е таква како што е. Наместо тишина и молк, да ги потсетувате вашите министри во Владата за враќање на препознатливите белези на Битола како конзулски, универистетски град, град на културата, гласно да говориме да се врати Копанки , Пелистер. Вие од Битола и ние од Скопје кога имаме загаден воздух заедно да се најдеме на Пелистер“, рече проректорот Марјан Ѓуровски од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.