2win800x200

Состанок на АД ЕСМ со КЕК од Косово за енергетска соработка меѓу двете државни компании за производство на електрична енергија

Јули 29, 2022

АД ЕСМ и косовската државна енергетска компанија КЕК почнаа засилена соработка заради полесно надминување на енергетската криза и на состојбата со следната грејна сезона.

На состанокот што се одржа во АД ЕСМ на ниво на највисоко раководство, се разгледуваа можностите како јагленот од Косово да се користи во електраните во Северна Македонија, како и можноста за взаемна поддршка меѓу двата система.

На состанокот присуствуваа генералниот директор на АД ЕСМ м-р Васко Ковачевски, Управниот одбор на АД ЕСМ, генералниот директор на КЕК Нагип Красниќи и советникот во министерството за економија на Косово, Милот Келменди.

Заклучено е дека работни групи од двете државни компании во најкусо време ќе ги договорат постапките за ефектурирање на договорената соработка, како и дека владите на двете земји, односно министрите за економија да бидат информирани за претстојните чекори, кои се во рамките на договорената меѓудржавна соработка во делот на енергетиката од страна на министрите Крешник Бектеши и Артане Ризваноли во декември 2021г.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани