2win800x200

Натепаната службеничка ја пријавила директорката во полиција за физички напад

Април 30, 2024

Вработена од Средношколкиот дом од Битола пријавила во СВР-Битола дека е физички нападната од директорката на домот, Елена Спасеновска. Дознаваме дека директорката е на распит во полиција. 

Од СВР-Битола за Апла.мк официјално потврдуваат дека полицијата интервенирала во Средношколскиот дом, ДУД „Мирка Гинова“ Битола, денеска предпладне.

Денеска по 11 часот, директорката Спасеновска физички ја нападнала вработената - благајничка, пред очите на останати вработени. Бранајќи ја вработената, настрадал и уште еден од вработените кој се здобил со гребаници на рацете. 

„Пријавен е физички напад од страна на вработена во ДУД „Мирка Гинова“ Битола, полицијата постапуваше, излезе на лице место и направи записник Случајот не е затворен, дополнителни информации ќе следат“, потврдија од СВР-Битола, за Апла.мк. 

Елена Спасеновска е кадар на СДСМ, таа воедно е и член на Извршниот одбор на партијата во Битола, во одлучувачкото тело на претседателот Драган Крајовски и секретарот Гордана Анастасовска. 

Апла.мк го запраша Драган  Крајовски, претседател на ОО на СДСМ Битола, дали по неколкуте инциденти во Средношколскиот дом со физички напади врз вработени од страна на претпоставената, и по отворената истрага на ОЈО Битола со сомнежи за злоупотреба на службата, општинската организација на партијата ќе се огради од Спасеновска и дали ќе биде исклучена од ИО?

„Вечарва партијата ќе разговара и ќе одлучува по случајот со Елена Спасеновска, по што ќе имате информација“, потврди Крајовски за Апла.мк

439611344 2742175705936162 8315496810332539135 n

Претходно Крајовски, кога ОЈО влезе во Средношколскиот дом да истражува за евентуален криминал, тој се огради со ОО на СДСМ и кажа дека Просветен инспектор може да иницира разрешување на Спасеновска.

 

 

А.Б  

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани