Поради промена на стара водоводна мрежа (промена на шибер-затворачи) на ден 10.06.2021година (четврток) од 8:00 до 19:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на улица Широк Сокак на потегот од "Камен мост" до Фонтаната кај шеталиштето во близина на кафе барот "Јагода".
Поради долгиот прекин во водоснабдувањето цистерната на ЈКП "Водовод" Битола со питка вода за пиење ќе биде поставена пред "Офицерскиот дом" доколку граѓаните имаат потреба од свежа вода за пиење.